Легендарниот напаѓач кој влезе во политички води почна да реди повеќе обвинувања против видни личности од светот на фудбалот. Тој неодамна изјави дела генералниот секретар на ФИФА Жером Валке е најголем рекетар, а за Сеп Блатер рече дека е крадец и корумпиран кучкин син.
По само неколку дена Ромарио распали со нови критики на адреса на неговиот поранешен репрезентативен колега Роналдо кој го обвини дека не се грижи за хендикепираните лица.
„Во 2011 година вети дека влезот за сите 32.000 хендикепирани лица кои сакаат да ги следат натпреварите на Мундијалот во Бразил ќе бидат бесплатен. Но до ден денес не направи ништо околу тоа прашање“, напиша Ромарио на Твитер.
Тој го обвини Роналдо дека е дел од една организациона машинерија која сака само да и донесе профит на ФИФА, а тој реши да му одговори преку фејсбук.
„Ромарио зборува за работи кои се одговорност за федерацијата, а јас не сум политичар и сум само дел од организацискиот комитет кој не носи сам одлуки. Инаку ова го работам гратис затоа што Мундијалите се за народот“, напиша Роналдо.