Музејот со најважните голови на Барселона

Вториот гол на Меси против Баерн Минхен го крена интернетот на нозе, а воедно влезе и на листата најважни голови во историјата на Барселона. Покрај Меси, голови за во музејот на Барса постигнуваа Ромарио, Ривалдо, Иниеста, Куман, Бакеро, Кројф и Роналдо.

Во негов својствен стил, Аргентинецот нанижа неколку противнички фудбалери, со потег со тело го измести Жером Боатенг од место и лежерно го лобуваше Мануел Ноер.

Тој гол на Меси веќе влезе во историјата најдобри голови на Барселона, каде погодоците се бираат според важноста на натпреварот и нормално, убавината.

Голот на Лионел Меси се најде на листата каде се уште и головите на Роналд Куман на Вембли (прва титула во ЛШ за Барса), Роналдо против Компостела, Ромарио против Алкорта и голот на Иниеста против Челси на Стемфорд Бриџ. Интересно, Иниеста против Челси даде гол исто на 6. мај како Меси против Баерн Минхен.

1. Јохан Кројф (Барса - Атлетико, 1973/74)

2. Диего Армандо Марадона (Барса - Реал Мадрид, 26. јуни 1983)

3. Хозе Мари Бакеро (Кајзерслаутерн - Барселона, 1991/92)

Барса го победи Кајзер на Камп Ноу 2:0. Во реваншот губеше 3:0, но Бакеро со гол во 90-та минута ги однесе Каталонците во четвртфиналето на КЕШ.

4. Роналд Куман (Барселона - Сампдорија, 1991/92)

Со евроголот на Холанѓанецот, Барса стигна до првата титула во Купот на европски шампиони во својата историја. Можеби најважен гол во клуспката историја.

5. Ромарио (Барселона - Реал Мадрид, 1993/94)

Ромарио го постигна третиот гол во една од најубедливите победи на Барселона против Реал 5:0.

6. Роналдо (Компостела - Барселона, 1996)

Бразилецот феноменално ја измеша целата одбрана на Компостела и даде ефектен гол.

7. Ривалдо (Барселона - Валенсија, 2000/01)

За место кое води во Лигата на шампионите на Барса ѝ требаше триумф против директниот конкурент Валенсија во последното коло. При резултат 2-2, во 95' минута Ривалдо постигна неверојатен гол со ножички и го комплетираше хет-трикот.

8. Андрес Иниеста (Челси - Барселона, 2008/09)

Овој гол сите го паметиме добро.

10. Лионел Меси (Барселона - Гетафе, 2007)

Кога го издрибла пола Гетафе со сè голманот