Поранешната фудбалска ѕвезда Ромарио по завршувањето на кариерата стана политичар и во моментов е член на бразилскиот конгрес.
Тој е познат како остар критичар на власта, а ја користи секоја прилика за напад на организаторите на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во неговата земја, како и критика на првите луѓе на ФИФА.
„Не можеме да очекуваме ништо од ФИФА каде ги имаме уценувачот Валке (генералниот секретар) и лоповот Блатер (претседателот на ФИФА). Тие веќе не го претставуваат светскиот фудбал", изјави Ромарио.
Освојувачот на Светското првенство во 1994-та година истакна дека Бразилците не треба да му веруваат на Валке при потпишување на било каков договор поврзан со Мундијалот кој следната година ќе се одржи во нивната земја.
„Не би му верувал на Валке ни да му дадам 5 долари за да ми купи леб и млеко", заклучи Ромарио.