Во не баш пријатен момент за земјата домаќин на Мундијалот кој се игра наредната година, како и Олимписките игри кои ќе се одржат во Рио во 2016 година, Пеле и Ромарио ги отворија картите и отворено проговорија за валканиот веш на Хозе Марија Марин, кој е прв човек на Фудбалската федерација.
Тое бараат Марин веднаш да си поднесе оставка од претседателската функција поради силните врски кои ги имал со воената диктатура во минатото која владеела во земјата во времето кога Пеле бил активен фудбалер.
Ромарио заедно со Иво Херзог, чиј син работел како новинар за време на диктатурата и бил убиен во 1975 година, организираат петиција со потписи со која ќе бараат оставка од 81 годишниот Марин кој инаку е и Гувернер на Сао Паоло.
„Во нашата петиција направивме една споредба, во која мислиме дека доколку Марин биде се уште претседател на федерацијата за време на Мундијалот, тоа е исто како во Германија за време на Светско првенство на претседателската функција да седи некој нацист. Можете ли да замислите такво нешто? Јас не, но во Бразил се случува“, изјави Херзог".
Хозе Марин кој исто така е и претседател на Организацискиот одбор за Светското во Бразил ги негираше овие обвинувања и ги обвини медиумите дека вршат лажна кампања против него.
Ромарио изјави дека петицијата ќе биде испратена до сите бразилски фудбалски клубови, а потписите ќе се собираат онлајн.
„Како може претседателот на нашата федерација да седи во ВИП ложата заедно со Претседателот на Бразил и да ги пречекува шефовите на државите од другите земји за време на Купот на Конфедерациите, а потоа и за време на Мундијалот? Тоа ќе биде срамен чин пред се за Претседателот Дилма Русеф", рече Ромарио.
Инаку Хозе Марија Марин бил Гувернер на Сао Паоло и во 80-тите години и член на политичката партија која го поддржувала воениот режим во Бразил во тоа време. Цел на шпиунажа од 60-тите години бил и легендарниот Пеле за време на неговата славна кариера.