Бегството на Бразилците на Карневалот во Рио

Роналдо, Ромарио, Адријано и Едмундо напуштаа тренинзи и натпревари во клубовите, само за да одат на најголемата забава во годината во Бразил.

Освен што се сонародници и што имаа неверојатно чувство за гол, Едмундо, Ромарио, Роналдо, Адријано и Роналдињо делaт и иста страст за Карневалот во Рио.
 
Најпознат случај меѓу нив беше оној на Едмундо, кој одел до таму што барал посебна ставка во договорот со клубот според која ќе биде ослободен да патува на Карневалот во Бразил. Во сезоната 1998/99, О’Анимал, каков што беше прекарот на Едмундо поради бурниот карактер играше одлично заедно со Руи Коста и Батистута, трио кое му донесе многу успех на Фиорентина.
 
Батигол во еден момент се повредил, токму во периодот кога требал да започне Карневалот во Рио, но тоа не му сметало на Едмундо да му ја летне во татковината, благодарение на договорот со Чеки Гори.
 
Подоцна Трапатони се обидувал да го запре на секој начин, па дури отишол и на аеродромот и му бранел да одлета. Не можело ништо да го спречи центарфорот да лета за Рио и Виола останала без двајцата најважни играчи. Батистута во болница, Едмундо на Карневал. 

Страста за маски и спектакуларниот ритам на самбата му годела и на Феноменот. Навивачите на Интер и пред сè Хектор Купер се сеќаваат на неговата насмевка на една фотографија со другари на улиците во Рио. Во 2002. година Роналдо се опоравуваше од повредата на коленото, поради што си земал продолжено боледување во Бразил.
 
Необична е и анегдотата на Јохан Кројф со Ромарио, во Барселона 1994-та. Бразилецот го замолил шефот да го ослободи на два дена, за да може да оди на Карневалот, а холандскиот мудрец изјавил: „Може да одиш, само ако дадеш два гола на следниот натпревар“. А следниот натпревар бил против Реал Мадрид и Барса го доби 5:0 со хет-трик на Ромарио кој со рацете гестикулирал кон Кројф да го замени, затоа што ќе задоцни на авионот. 

Ништо поарен не беше ниту Адриано. Императорот се ожени со Вивиан Кастро, професионална играчка по Самба. Во 2010. година Фламенго го раскина договорот со Адриано затоа што не доаѓал на тренинзи поради Карневалот. Адриано ќе игра, во Мајами Јунајтед, американски четвртолигаш кој на својот сајт објави добредојде за Бразилецот, но напаѓачот изјавил дека нема намера да дојде во Флорида до завршувањето на неговиот 34-ти роденден на 17. февруари на Карневалот.
 
Во 2011. година Роналдињо ја добил неофицијалната награда Најдобар танцувач меѓу фудбалерите, откако играше заедно со 30.000 танцувачи во Рио. Во минатото, оваа забава скапо го чинеше Роналдињо, кој доби казна од Атлетико Минеиро поради тоа што доцнел на тренинзите. „Ќе му ја мислам после Карневалот“, изјави некогашниот најдобар играч на светот на прашањето каде ќе игра во иднина.