26-годишната Бразилка Полиана Виана е жесток борец. Таа настапува во UFC (Ultimate Fighting Championship) и има 10 победи во жестокиот MMA (mixed martial artist) каде претрпела само 2 порази.
Но еден ситен лопов од Рио де Жанеиро не знаел за тоа и во саботата вечер додека Виана чекала такси пред нејзиниот дом, ѝ се прикрал зад неа.
„Виде дека го приметив и праша колку е часот. Му кажав но тој уште не се тргна затоа што го држев телефонот во рака. Тогаш рече: „Давај го телефонот! Не се спротивставувај, вооружен сум!“, и ја стави раката на пиштолот за кој приметив дека е лесен. Крадецот стоеше доволно близу, и помислив и да има прав пиштол, нема да успее да го употреби. Се свртев и два пати го удрив со рака и еднаш со нога. Падна и тогаш го фатив. Го држев на местото и му реков: „Сега ќе чекаме полиција да дојде“, раскажала Полиана за MMAJunkie
„Ударите беа брзи, мислам дека падна и не стана. Потоа побара да го пуштам, му реков: „Моли сега колку сакаш!“.
Виана му ги свиткала рацете на лоповот додека не дошла полицијата. На крај таа поминала без повреди а тој бил прекршен како никогаш претходно. Прво го однеле во полиција а после во болница.
Се испоставило дека пиштолот го направил од картон.
Виана веќе неколку пати била напаѓана во татковината: кога живеела во градот Белен, двајца крадци на мотор пробале да ја ограбат. Еден од нив ѝ го скршил чадорот и сакал да ѝ го земе мобилниот.
„Проба да ми го грабне од рака, но го удрив во лице. Се исплашив зошто знаев дека има уште еден, но тој го качи другарот на мотор и избега. Изгледа повеќе се исплашија“, рекла Полијана.
Уште не се знае нејзината следна противничка во рингот на UFC, но веќе ги воодушевила луѓето од управата на турнирот меѓу кои шефот Дејна Вајт кој ја постирал фотографијата со претепаниот крадец на Инстаграм.
„Лево - борецот на UFC Полијана Виана, десно дечко кој сакал да ја ограби“, напишал Вајт.