За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.

Работите во овој залив одамна не се како треба: Фекалните канализации се изливаат, се фрла стар мебел а цело време и друг отпад излегува на брегот. Водата не смрди, но далеку е од идеална. 

Студиите од минатото лето покажале дека прскањето е опасно по здравјето и ако дојде во контакт со устата, очите или гребнатинки по телото, најверојатно спортистот би можел да се зарази (во најдобар случај од колера или дизентерија). Ако имаат среќа, може да им се јават респираторни проблеми ако се капат во оваа вода.
 
Стручњаците тврдат дека Олимписките натпреварувања во водени спортови ќе бидат голем ризик по здравјето. Некои од учесниците на шега изјавуваа дека е подобро да пливаат во када или под некој отворен колектор.
 
Пред неколку дена за ова прашање зборуваше и поранешниот генерален директор на Меѓународната федерација во едрење (ISAF), Петер Соври. Во декември беше приморан да замине, само пет месеци од неговото именување на оваа позиција.

Соври барал натпреварувањата да се поместат 100 километри источно. Таму било почисто, поспремно и таа замена би била достојна и за натпреварувачите и за организаторите. Зошто да не?
 
Во Гуанабара заливот постојат силни аргументи - таму е ридот Шеќерната глава со познатата жицница која се качува на 1.400 метри нагоре до врвот, а таму е и статуата на Исус Христос Спасителот. За Меѓународната федерација која работи на јакнење на позицијата во светот и олимпиското движење на медиумскиот пазар тоа е многу важен дел.
„Ми кажаа да молчам, јас оставката не ја дадов сам“, вели Соври.
Извештајот од декември објавен во Асошијетд Прес гласеше: Патогени содржини има не само во близина на брегот туку и на пристојна далечина од него.
 
Конкуренцијата секако нема да го пренесе ова. Градската влада и Организацискиот одбор првобитно ветија дека ќе го исчистат заливот за 80%, но подоцна признаа дека задачата е невозможна и наивно ги одбија препораките.
 
Конкурентите кои беа кандидати за организација на ОИ 2016-та, пред сè Русија велат дека се плашат да помислат на какви санкции и осуди би наишле доколку кај нив како организатори би имало вакво нешто на 5-6 месеци пред Олимписки Игри.

2 февруари 2016 - 10:05