„Еден ден дојде дома со мала птица во раката. Додека ја гледав птицата му реков, види како тебе е. Се врти насекаде, но не е добра за ништо. Како Гаринча е (мала птица)“, раскажувала сестра му подоцна за тоа како се родил прекарот.
Гаринча стана симбол на Ботафого со над 600 натпревари за клубот и постигнати близу 250 голови. Во девет годишната кариера два пати го освои Светското првенство и стана еден од тројцата играчи во историјата што освоил Златна Копачка и Златна Топка на Мундијал. Малата птица научила да лета.
Наместо да дозволи неговите физички неспособности да го вратат назад, Гаринча ги претворил во предност. Кривите нозе му овозможувале неверојатна техника, а противничките бекови не знаеле каде ќе тргне. Неговиот соиграч Леонидас опишал дека "Гаринча играл со топката како дете со играчка". Не знаеш каде ќе сврти.
„Тешко беше да знаеш каде ќе тргне поради кривите нозе и затоа што играше еднакво добро и со лева и со десна. Толку мирно напаѓаше и мислам дека беше поопасен од Пеле во тоа време", изјавил подоцна левиот бек на Велс Мел Хопкинс.
И покрај тоа, Гаринча имал детинест поглед на светот, имал едноставен поглед на играта и така му било попријатно отколку да се натпреварува. Играл за забава, за прослава на гол, а не за победа. Руи Кастро го опишува во прекрасната биографија како "најаматерскиот фудбалер кој професионалниот фудбал го произвел".
На Светското првенство '58-ма, на мечот против СССР издриблал пет противници за една минута, по што еден француски новинар во дописот напишал дека „тоа беа најголемите три минути во историјата на фудбалот". На полувремето ги прашал соиграчите сошто Советите се толку збунети, тотално несвесен за форматот на натпреварување, Гаринча сметал дека ќе се игра и реванш.
Во тоа време Пеле моежби бил постерот на успехот на Бразил, но Гаринча бил водечки фактор зад репутацијата на Бразил кој игра најубав фудбал. Неговата земја го знаела како радоста за народот.
„Пеле е појдовна точка за Бразил, како сиромашен црнец кој станал најдобар играч на светот со посветеност, труд и работа, но Бразилците не го сакаа онака како што го сакаа Гаринча", пишува Алекс Белос во книгата Futebol.
За Гаринча, мечевите од Мундијалот не биле ништо посебно. Ги гледал како реплика на она што се случило претходно. Новинарот Руи Кастро се сеќава на една анегдота во книгата за Гаринча:
„Кога му дале бонус после Светскиот Куп, тој ѝ ги дал парите на жена му која што ги скрила под душекот на детскиот кревет. Години подоцна, кога се сетиле на парите, откриле купишта искинати и накиснати парчиња хартија. Парите едноставно не го интересираа".
Сепак, теренот му бил спасител од личните демони. Фудбалот бил негов спас, но само половина од времето. Тој никогаш не ја искористил шансата. Татко му бил алкохоличар, зависник од бразилската лута ракија Кашаса која се прави од шеќерна репка.
Паралелно со татко му и Гаринча почнал да пие како млад и зависноста од алкохол ја здобил уште пред да дебитира за Бразил. Не знаел да каже не. Ментално и емотивно незрел, без никаква помош ниту заштита. Поранешните соиграчи зборувале дека имал детски дух што сака многу жени. Пиел по чаша Кашаса пред натпреварите.
Во април 1969. година возел многу пијан и удрил во камион а во таа несреќа загинала неговата маќеа. Продолжил да пие, два пати се разведувал и оставил околу 14 деца и многу афери. Во 1977-та го оставила втората жена поради насилство во семејството. Шест години подоцна тој умрел од цироза на црниот дроб која што го пратила во кома од која никогаш не се вратил. Имал само 49 години.
Оставил слика на симбол на бразилскиот сон кој се срушил од зависноста. Радоста на народот наеднаш станала очај кога илјадници луѓе со цвеќе ја испратиле малата птица.