На Мундијалот 1970 во Мексико златото го освоил Бразил. Предводена од Пеле, Ривелињо, Жерсон и Загало, ваква репрезентација не се појавила до денес. Барем не според љубителите на фудбалот од стар ков.
Кога постарите зборуваат за Зико, Гаринча, Диди, Ривелињо, Пеле и Денер, помладите чудно ги гледаат и не сфаќаат колку овие фудбалери навистина биле неверојатни мајстори кои се потпишувале со топката.
За него играњето на Светско првенство било како и играње во дворот на фабриката во која работел. Сакал само да игра фудбал, не му значела победата и не трчал по славата. На крајот ги кренал рацете и се предал во борбата со бразилската лута Кашаса.