Тешко е да се каже дали е Бразил среќен поради домаќинството на ЛОИ 2016. Општ впечаток е дека морално и економски не е многу далеку од фудбалскиот Мундијал 2014-та кога земјата беше пред колапс.
- На претседателот на земјата му прогласија импичмент, на жителите на Рио не им е до игра и почнаа со протести поради лошата економска состојба;
- Полицијата ги гони непокорните од проблематичните области;
- Вирусот Зика ги плаши спортските ѕвезди;
- Во заливот Гуанабара, каде ќе се натпреваруваат пливачи, триатлонци и едрилици, уште не се отстранети
отпадоците;
- Гувернерот на Рио де Жанеиро, Франсиско Дорнелес се плаши од неуспех и не крие дека градот немал доволно средства да обезбеди сигурност; „Државата вложила околу 2,9 милион реали (849 милиони долари) на инфраструктура и јавна безбедност, но тоа според Дорнелес не е доволно.
„Оптимист сум по повод Игрите, но должен сум да ја покажам и реалната страна. Може да имаме одлична Олимпијада, но може да биде и нешто сосема друго", изјави отворено Дорнелес во интервју за бразилскиот весник Globu;
- Работата на анти-допинг лабораторијата во Рио е сопрена, и многу е веројатно дека ништо нема да се промени до Игрите;
- Досега се продадени нешто повеќе од половина влезници; Карти за свеченото отворање практично и да нема веќе;
- Допинг скандалите пред Рио го унаказија рускиот спорт: допинг скандали во лесна и тешка атлетика и под лупа е целата олимписка експедиција на Зборнајата;
- Јагуарот кој учествувал во штафетата со олимпискиот оган бил застрелан веднаш по церемонијата; организаторите признаа дека употреба на диви животни за време на штафетата било грешка, но сето тоа се вклопува во негативните вести од Рио;
- Летните Олимписки Игри и онака се лошо конципирани и делуваат непродуктивни во постоечкиот облик. Ако ЗОИ во Сочи сите ги чекаа, Игрите во Рио или сакаат да се откажат или да поминат поскоро;
- Светла точка секако е легендарната плажа Копакабана каде за време на Игрите гостите ќе се воодушевуваат на беспрекорните тела на одбојкарите и одбојкарките на песок;