Оладениот однос на Дивац и Дражен, како резултат на распадот на нивната држава

Легендарната југословенска репрезентација која доминираше во кошарката во тоа време, беше инспирација за филм и за Американците, кои го создадоа „Once Brothers“. Уште една позната, емотивна и интригантна приказна која не се пропушта.

„Once Brothers“ е филмска сторија на ЕСПН која датира од 2010-та и која се фокусира на нарушеното пријателство на Владе Дивац и Дражен Петровиќ.

Тема со години верглана и на разни начини тумачена после распадот на Југославија, како и оние незаборавни златни медали на јунаците во 1989, 1990 и 1991-ва.

И после сите изјави, сведочења, натписи, приказни и филмови, тешко е да се дојде до прецизен заклучок, како и зошто пукнала тиквата меѓу Србинот и Хрватот, кои ја вивнаа Југославија до врвот на Европа и светот.

Едно е јасно. Најмоќната кошаркарска репрезентација се распадна поради таа проклета војна. Почнало на сцена да играат политичката пропаганда и национализмот.

Издвојуваме неколку интересни видеа за гледање на оваа југоносталгична, но и интригантна тема која и после 30 кусур години предизвикува дискусии и дилеми.

Дражен Петровиќ зборува за Владе Дивац пред НБА натпревар, а по распадот на Југославија.

Краток исечок од филмот со изјави на двајцата.

Дивац во посета на гробот на Дражен и каење што никогаш не дошол денот да седнат на разговор после распадот.

Кукоч, Раѓа и Лери Бирд за Дражен.

Дино Раѓа: Многу работи од филмот не се вистина.

Филмска сторија за „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“

Зошто Дражен Петровиќ не играше за Југославија на ЕП 1991?

1 октомври 2025 - 14:43