Актуелниот претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац одигра 15 сезони во НБА лигата носејќи ги дресовите на ЛА Лејкерс, Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс.
Корпулентниот центар остави длабока трага во НБА лигата и неговиот дрес со бројот 21 е повлечен од Сакраменто Кингс.
Дивац кој и самиот важи за еден од најдобрите европјани кои настапувале во НБА, во интервју за американските медиуми ја состави најдобрата европска петорка која настапила во оваа лига.
Во дрим тимот на Дивац се наоѓаат: Дражен Петровиќ, Предраг Стојаковиќ, Дирк Новицки, Арвидас Сабонис и Пау Гасол.
На прашањето за тоа кој е најдобриот европски кошаркар кој некогаш играл во НБА лигата, Дивац одговори:
„За мене тоа се Дражен Петровиќ и Арвидас Сабонис".