Страшна компилација од Дивац во Лејкерси

За Владе Дивац на нашиве простори чуле сите од 7 до 77 години, но ретко кој од помладите знаат каков играч беше. Најсвежи се сеќавањата од времето на Сакраменто (1999-2004), а задолжително треба да се погледнат и неговите потези уште од времето во Лос Анџелес Лејкерс каде потпиша во 1989-та и играше до 1996-та.

216 см висок, многу подвижен за својата висина, со леснотија во играта, некарактеристични додавања за центар, солиден шут од поле, осет за блокади и способност за изнудување фаули во напад. Легендиште југословенско.

 

5 мај 2024 - 12:57