Раководството на НБА лигата донесе одлука да го санкционира секој обид на кошаркарите да исценираат фаул. Симулантите најпрвин ќе бидат опоменати, а потоа следуваат казни од 5.000 долари, за следното симулирање 10.000, па 15.000 и 30.000 долари, а за секој 6-ти обид за „флопинг" следува суспензија.
Некои кошаркари ја критикуваа оваа одлука, но повеќето ја одобрија. Еден од тие кои ја поддржаа одлуката е Коби Брајант кој изјави дека Владе Дивац е човекот кој ја измисли оваа „финта".
„Владе Дивац е пионер на флопингот. Тој го користеше во текот на финалните натпревари за Сакраменто и Лејкерс и успеваше да излезе на крај со Шек", изјави Брајант.
А во тоа се согласни и неговите колеги. Тајсон Чендлер дури изјави и дека ќе го памети Дивац по пушење, пиење и флопинг.