Таг: дино раѓа

Трејлер за филмот „Изгубениот дрим тим“

Србија, Хрватска, Италија и Словенија во копродукција скоцкаа 80 минутен филм за неповторливата кошаркарска приказна од овие простори, за тоа како тимскиот дух и љубовта кон спортот можат да ги надминат сите граници. Се работи за уникатен момент, невиден во историјата на спортот, кога екстра силен и добро координиран тим, дава сè од себе за да победи на Европско, под знамето на земја која престанува да постои. За време на Евробаскетот во Рим 1991, додека во Југославија беснее граѓанска војна, последниот кошаркарски тим од таа земја се бори храбро за златниот медал.

Носталгично кошаркакарско фото на денот

Дино Раѓа, Зоран Савиќ, Душко Ивановиќ, Тони Кукоч, Велимир Перасовиќ, Зоран Сретеновиќ, Петар Наумоски, Горан Собин, Арамис Наглиќ, Лука Павиќевиќ. За помладите: Тоа е бандата наречена Југопластика или сегашен КК Сплит. Екипа страв и трепет која три години не го даде тронот на Европа (1989-1991). Во финале го згазија Макаби Тел Авив, па два пати Барселона. МВП еднаш Дино Раѓа, два пати Кукоч. Млади и двајцата. Време на страшни југословенски баскетџии, кои беа терор под кошевите и во кое најмладиот ги носел торбите.

Навредлива парола на Гробари за Кукоч и Раѓа

Двете хрватски кошаркарски легенди и симболи на едно носталгично време, пред две недели беа гости на Партизан на мечот против Олимпијакос. Нивното присуство на Штарк арената беше поздравено со аплаузи. Овој пат навивачите беа поделени. Едни ги вреѓаа Кукоч и Раѓа, а другите му се сипаа на Вучиќ.

Хрватските легенди Кукоч и Раѓа со аплаузи пречекани во Штарк арена

Партизан загуби од Олимпијакос во 32. коло од Евролигата и прокоцка предност од 13 поени во последната четвртина. Специјални гости беа Дино Раѓа и Тони Кукоч кои добија топол пречек од Гробари. Деца, потпрашајте дома за нив.

Дивац и Раѓа на тамбураши

Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...