Мајкл Фреј од Грасхоперс, напаѓач со големо искуство собрано и во Англија, Германија, Франција, Белгија и Турција, покажа пример како може гол од своја половина да изгледа лесна работа.
Николас Муци од Грасхоперс треба да биде најсреќен што негов соиграч промаши пенал. Инаку немаше да му се случи можеби голот на кариерата. Погледнете ја оваа акробација на само 21 година.
Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.
На денот кога играат Цирих и Грасхоперс, овој швајцарски град не изгледа како официјално најчистиот во Европа. Грасхоперс од 2007-ма не игра на својот Хардтрум стадион кој го срушија, туку игра на Летцигрунд кој го дели со омразениот ривал ФЦ Цирих. Како и на многу места во светот, така и кај нив важи поделбата на богати и на работничка класа.