
Да се потсетиме, да не се заборави!
1. Лани ова време, ФК Вардар АД имаше сопственици на акции што немаа излез од бездната во која беше набутан клубот. Збир на луѓе без пари, без спонзори, без финансиска иднина… Сега клубот е единствен во Прва лига со позитивна завршна сметка и пријавена добивка од работата во вредност од 250.000 €.
2. Лани ова време клубот имаше управа и Извршен директор што “водеа” клуб со блокирана сметка од долгови направени од тогашната и предходните управи. Сега клубот нема долгови и има одблокирана сметка.
3. Лани ова време имаше егзодус на фудбалери кои заминуваа заканувајќи се со активирање на клаузулите за неисплатените долгови пред УЕФА, што носи казна за забрана за трансфери. Сега клубот има во своите редови репрезентативци на Уганда и на Конго, бивш репрезентативец на БиХ - вкупно 10 странци.
4. Лани ова време клубот беше бездомник, без опрема, без соблекувална, без автобус, без сервисни возила, без платени кирии за фудбалери, без идеа за припреми, без терени за тренинг… Сега има се’ од ова.
5. Лани клубот не смееше да се појави на Арената, па играше по селски игралишта. Сега Арената е наш дом.
6. Лани и годините пред тоа клубот ко куче беше набркано од Тренинг базата. Сега базата е на клубот.
7. Лани ова време клубот имаше стручен штаб навикнат и “стручен” за прволигашки плеј-аут и второлигашки плеј-оф. Сега клубот има трофеен тренер со 19 утакмици без пораз.
8. Лани ова време клубот живееше во неизвесност дали воопшто ќе почне со тренинзи и натпревари. Сега неизвесноста е дали ќе ја минеме Лозана.
Ова се факти.
Се друго е фрустрација на малокурести ликови.
Комити ја бојкотираа прославата и скандираа жестоко против Миленко