Тифози на Јуве нападнати во Севиља, еден тешко повреден

Нема коло во Европа, а навивачите на Севиља „Бирис Норте“ да не ги наполнат рубриките за црна хроника. Севиљските хулигани синоќа во локалот „Taberna El Papelón" во центарот на градот нападнале помала група навивачи на Јувентус со разни предмети. Епилогот е еден избоден навивач на Јуве од Белгија кој веднаш бил префрлен во болница. Мечот од Лигата на шампионите Севиља - Јувентус се игра вечерва од 20:45. Во болница завршил уште еден Италијанец и еден Шпанец кој по инцидентот бил пронајден од некој минувач како лежи.

Во Севиља пристигнале околу 1.700 јувентуни за дуелот на стадионот „Санчез Писхуан“. Нив на стадионот ќе ги обезбедуваат околу 800 полицајци и редари.

 

22 ноември 2016 - 11:59