Навивачи на Рома прекинаа минута молк за Шапекоенсе па се тепаа

Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.

Една од причините поради хаосот на мечот Астра - Рома (0:0) во Букурешт беше и тоа што еден навивач на домаќинот влета на теренот и украде знаме од италијанските тифози, но редарите го сопреа и веднаш им го вратија на гостите:

 

8 декември 2016 - 23:49