„Гледај! Ултрасите доаѓаат“. Добро не баш и дефинитивно не тие - иако зависи што е за тебе дефиниција за ултра. Во Британија има движења кои се обидуваат да се прилагодат на навивачката култура која често е помалку сфатлива од еден Марио Балотели.
Кога и да се појави некој текст за ултрасите од Европа во британските медиуми, тој најчесто е со негативна конотација: екстремно насилство, расистичко скандирање, закани кон играчите и многу други прикази кои ги прават навивачите одвратни за „нормалниот свет“.
Јасно е дека ултрасите (навивачите) во Европа имаа проблем со приказот. Ретко да слушнеме приказни како оние за градењето врски со различни етнички групи или примерот со навивачите на Баерн кој организираат патувања до Аушвиц со цел да се прошири свеста за злосторствата извршени таму.
Ултрас движење има и во Британија. Навивачката група на Кристал Палас, Холмсдејл Фанатикс кои се разликуваат од другите англиски навивачи по тоа што зад едно од корнер знаменцата на стадионот „Селхарст Парк“ прават интересна атмосфера со гласно навивање и многу знамиња, така невообичаени за останатите стадиони на Островот.
Тие често истакнуваат пароли против комерцијализацијата на фудбалот и скапите карти.
Покрај нив, слично се организирани и навивачката група Бригада 1874 на Астон Вила, Фосе Бојс на Лестер, Ред Факшн на Мидлзборо и други.
Кени Лег, фудбалски аналитичар кој живее во Берлин вели дека е фасциниран од германските ултраси и верува дека во Британија треба да има слични движења со цел да се борат против претераните цени на билетите, како и против политичкото влијание во фудбалот.
„Лево-ориентираните ултраси во Германија и Италија се многу исполитизирани и претерано зборуваат за проблеми надвор од фудбалот како што се: бегалците, за расизмот, за хомофобијата. Во Германија ултрас движењето често беше реакција на хулиганизмот кој владее на стадионите уште од раните ’90-ти години. Ултрас групите ги обоија трибините, ги направија забавни и светли места за разни социјални групи. Трибините веќе не се место за некој да се плаши“, заклучува Кени Лег.