Веќе неколку дена траат критиките на адреса на италијанската фудбалска репрезентација која како бранител на трофејот се посрамоти во Германија. Ама никој не го искажа револтот како овој. Во прашање е свето нешто.
Јасно е дека се Европски прваци и дека најмногу го изедоа лани во карантин, ама во овој едноминутен микс со италијански навивачи има и неубави сцени произлезени од преголемо опуштање.
Историската ноќ на Вембли се следеше организирано на плоштад во главниот град на Италија. Пеналите ги коментираше спикер на страствен начин кој уште повеќе ја запали атмосферата кога Донарума го фати пеналот вреден пехар.
Италијанското лудило за влезот во финале го имаше и во САД. Навивачи го блокираа автобусот, еден му се испентари на кров, па дошло до викање полиција, арно ама се снашле и викаат дека со 7 колачиња успеале да го предомислат шоферот.
Кога ќе речат наоружани навивачи, заборавете на сè што сте виделе досега и погледнете ги овие што поседуваат. Не се ова фотки од втора светска војна, туку од навивачи на Јувентус кои како да се спремаат за трета.
По поразот од Аталанта, фудбалерите на Каљари беа да им се извинат на ултрасите и застанаа пред нивната огада да бараат прошка. Многу италијански навивачи зовреа од негативни коментари на социјалните мрежи. На еден му доаѓа да ги упуца.
Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.
Се навршуваат 34 години од епското финале на Купот на европски шампиони Рома - Ливерпул во Рим кога будалестиот голман на Англичаните Брус Гробелар им се плезел на домашните играчи пред да шутираат. Рим уште не може да го заборави тој пораз.
Навредливите зборови на Џиџи Буфон до судијата Мајкл Оливер во ЛШ не ги оправда секој. Откако на мечот Фиорентина - Спал беше досуден пенал за гостите, домашните навивачи, познати во Италија по својата иронија му скандираа на судијата Орсато “insensibile“ (безчувствителен), алудирајќи на тоа што легендарниот голман на Јуве го кажа за англискиот арбитар.
Во директна борба за место кое води во квалификациите од Лига на шампиони следната сезона, а носени од одличните настапи во Европа оваа сезона, Лацио и Рома играа пред полн „Олимпико“. На почетокот на дербито двете навивачки трибини зад головите имаа одлични кореографии.
Ако некој може да им парира на Грците и Србите во навивање во сала, тоа сигурно се навивачите на Болоња Фортитудо кои прават спектакл за очи, уши и душа. Навивачката група им се вика Fossa Dei Leoni со традиција од 1970-та.
Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.
Младиот албански голман, Томас Стракоша во неделата не беше херој само за навивачите на Лацио. Пазете што се случуваше во Неапол, каде живеат најоткачените навивачи од Италија. Неочекуваната победа на Лацио на гости против Јуве на Наполи му донесе 5 бода предност пред актуелниот шампион во Италија.
Градските дербија во Италија, без разлика дали се играат во прва, втора или трета лига, имаат посебен драж. Тоа е натпревар за кој се живее цела сезона, а битката на навивачите се води и во тоа кој ќе направи поубава кореографија. Кортеото на Миланистите звучи и изгледа моќно.
Еден млад навивач на Јувентус објавил на својот Инстаграм профил фотографии и коментар во кој признава дека го помешал Кардиф со шпанскиот град Кадиз и го утнал финалето на Лига на шампиони.
Од тренинг центарот Виново навивачот на Јувентус Енрико Скифони - Кико тргнува за Кардиф со неверојатно дизајнираниот камион. Ќе помине 1.490 километри заедно со уште 200 навивачи на Јуве кои ќе го придружуваат со коли и комбиња.
Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...
Иако на прва грозната слика до самиот колосеум изгледаше дека е изум на навивачите на Рома како еден вид закана кон своите играчи кои доживееа двоен дебакл во градското дерби, сепак тие не се сторителите.
Сцена за театарска претстава: Во маалски кафич градското дерби Интер - Милан го гледа и старо и младо. Кога Колумбиецот погоди за 2-2 се чекаше неколку секунди да се види дали е гол. А тие секунди за нив значат цела вечност.
Атеса и Одоризијана сигурно не ви значат ништо, бидејќи се локални клубови кои играат во регионална лига во Италија. Теренот е без трева, а од едната страна комшиите може да ги гледаат од тераса. Сето ова е небитно во приказнава. Битна е страста на нивната тифо банда која ова го прави со срце.
За време на римското дерби Лацио - Рома од полуфиналето на Купот на Италија стадионот е полупразен поради бојкотот на двете навивачки групи. Тоа не им сметаше на присутните симпатизери на Лацио да извикуваат мајмунски крици додека топката ја имаше црномурестиот играч на Рома Антонио Рудигер. Лацио го доби мечот 2:0 со головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Кеита.
Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.