Каљари не е Милан, а Аталанта пак е екипа која е во страшен залет и го елиминираше Јуве во Купот со убедливи 3:0, така што несфатлив е овој бунт на навивачите од Сардинија.
Плус клубот не е во друштво на трите екипи кои се борат од испаѓање, а ниту па загуби 7:1 како Рома од Фиорентина, за да обесуваат вака, туку со минимални 0:1.
На италијанските социјални мрежи, многу навивачи се бесни поради овој гест на играчите кои ги осудуваат што отишле да им се извинуваат, па дури и бараат казна од 1 бод.
Доста коментари се насочени и кон еден навивач кој гестикулира со раката како со пиштол кон нив.
Овие сцени не се гледаат за прв пат во италијанскиот фудбал, каде познато е дека водачите на навивачките групи сејат страв. Тие царуваат и во криминалните води, ја држат продажбата на карти и дрога и заработуваат милиони.
Кога пред неколку сезони Парма имаше лоша серија на резултати, водачот на навивачите беше дрзок во еден дијалот со Антонио Касано, а редарите не смееа да зуцнат.