Таг: каљари

Едно симпатично видео со деца маскоти пред фудбалски натпревар

Увертирата на навивачките песни на Рома пред дуелот со Каљари почнува уште во тунелот. Прекрасно.

Нов луд пресврт во Серија А, повторно на Раниери и повторно во судиско и тоа со ножички

Навивачите на Каљари сезонава дефинитивно со апчиња треба да одат на стадион. Во фудбалот има често пресврти, ама не вакви.

Пациент на колото

Каљари - Интер 0:2. Последен натпревар од 2. коло во Серија А.

Жоао Педро ја искина мрежата

Роден е во Бразил, ама годинава доби репрезентативен повик од Роберто Манчини. Во Каљари игра од 2014-та и има 268 настапи и 86 гола. Не се брани ова против Верона.

Голот број 1 на колото во Серија А е дело на Кеита

Се калеше во Ла Масија заедно со Давид Бабунски од каде направи трансфер во Лацио, каде играше четири сезони. Потоа настапуваше за Монако, а од таму беше позајмуван во Интер и Сампдорија. Ако сте го заборавиле, да знаете дека оваа сезона е член на Каљари, клуб кој и не е баш адекватен за неговите квалитети. Погледнете каква акробација изведе против Сасуоло. Маестрален потег.

Нереална сцена од италијанско, 1999-та

Каљари и Венеција ова коло се сретнаа во Серија А за прв пат по 22 години и одиграа 1:1. Јак клип се врти на Твитер од таа нивна средба, одиграна на 26 септември 1999-та. Тицијано Де Падре vs Фабио Билика. Измислено за меме.

Сè е тука регуларно, нема грешка

Каљари се бори за опстанок и Фиорентина се бори за опстанок. Се сеќавате на Шведска - Данска 2:2, така? А да е само таа. Абе се плашеле да шутнат кон гол. Победи стравот, вели еден наслов.

Ама си ја закопа гревов од Каљари

Милан ја заокружи сезоната победнички со 3:0 против Каљари, а помош за да го отворат резултатот добија од Естонецот Клаван, кој пред две години направи трансфер од Ливерпул во Каљари. Фино се снајде во шеснаесетник.

Приказна за тоа зошто Каљари и клубовите од Корзика имаат симбол со црн лик

Еден од најголемите трендови летово, особено во САД беше преоценка на симболите кои може да се сметаат за расистички. Американски франшизи почнаа да размислуваат за преименување и менување на грбот. Ама за тоа не сакаат да слушнат на Корзика и на Сардинија каде со векови има експлицитна хералдика.

Нов лудачки понеделник со Серија А

Пред две недели пишувавме за ненормалниот пресврт на Каљари во 96-та минута кој стигна до победа против Аталанта по негатива од 1:3. Овој понеделник повторно е Каљари актер, ама на губитничката страна. Примија два комада во судиско од бандата на Инѕаги.

Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.

Расизам кон Лукаку фатен на дело во Каљари

Италијанскиот фудбал никако да раскрсти со расизмот и фашизмот кои цутат на некои трибини. Англичаните тоа го решваат по брза постапка, како во примерот со Стерлинг кога морони навивачи на Челси испуштаа мајмунски крици, на крај беа откриени и им беше изречена доживотна забрана за влез на стадионот. Во Италија од година во година расизмот е како добро утро. Особено во Каљари каде досега беа навредувани Мунтари, Матуиди и Мојзе Кеан.

Светски познат фудбалер кој станал келнер за да преживее

Еден од подобрите напаѓачи на Уругвај, Дарио Силва се прослави во шпанската лига, посебно во Малага и Севиља каде постигна преку 40 гола на 115 меча. Во 2006 доживеа тешка сообраќајна несреќа после што му ја ампутираа ногата.

Браво бе мали за приемов

Папу Гомез од Аталанта важи за играчиште во Италија, ама како велат, за да бидеш голем треба да признаеш дека кога нешто е добро е добро. Аплаузи од Аргентинецот за малиот, аплузи од Офсајд за Папу Гомез. И за малиот.

Зошто воопшто треба да им се извинуваат?

По поразот од Аталанта, фудбалерите на Каљари беа да им се извинат на ултрасите и застанаа пред нивната огада да бараат прошка. Многу италијански навивачи зовреа од негативни коментари на социјалните мрежи. На еден му доаѓа да ги упуца.

Лудницата на Сампдорија против Лацио и Каљари против Рома

Синоќа се одиграа најлудите средби од досегашниот тек на Серија А. Прво на Сардинија Рома имаше убедливи 0-2 против Каљари, за домаќинот со двајца играчи помалку (црвени картони), дури во 95-та минута  да израмни на 2-2 и да направи сензација. А уште полуд меч се одигра на „Олимпико“ во Рим каде Лацио и Сампдорија одиграа 2-2 со два гола длабоко во судиското продолжение.

Марко Бориело - син на мафиозо и заводник кој сега игра на Ибица

Најголемиот заводник кој некогаш играл на Апенините не е ниту Виери, ниту Инзаги, ниту големиот Дејвид Бекам. Сите овие заедно му спушаат капа и му се поклонуваат на левоногиот центарфор кој играше речиси во сите клубови од Серија А.

Добро што правеле гостиве?

Откако одигра без голови со Милан и Аталанта, а меѓу тие два меча загуби од Торино, Интер синоќа го забележа првиот триумф во месец април. Ако некој го гледал мечов нека ни објасни што е работава. Пијани дошле овие од Каљари?

Сторија за фудбалскиот пат на Давиде Астори

Дискретен херој. Човек за кого големиот Џиџи Буфон вели дека имал витешки вредности. Тивкиот капитен Давиде Астори тивко го напушти овој свет.

Кога судиите грешат и со ВАР

Речиси да нема коло во Серија А каде сите 20 екипи можат да бидат раат што се однесува до судењето. Понеделничките изданија на весниците стандардно се полнат со бројот на спорни и скандалозни судиски одлуки кои само продолжуваат и не се намалуваат.

Карлос Бака на маки со 19 годишник

Без никакво резултатско значење во однос на табелата, фудбалерите на Милан со пораз на гости против Каљари ја завршија сезоната во Серија А. Тие конечни 2:1 лесно можеа да бидат 2:3, ако на голот на домаќините не застанеше младиот Лука Кроста кој на два пати го натера Колумбиецот да стои со раце на глава и да се чуди.

Првиот Северно Кореец кој даде гол во топ лига

Со голот на мечот Каљари - Торино, Кванг-Сон Хан стана првиот фудбалер во историјата од Северна Кореја којшто дал гол во една од Топ 5 лигите во Европа и претставник на 35-та земја кој дал гол во Серија А.

Се врати по операција на тумор и сам го победи Интер

Еден од најпријатните моменти во историјата на италијанскиот фудбал се случи вчера во Серија А. По сложена операција на отстранување тумор од мозокот, напаѓачот на Каљари Федерико Мелкјори се врати во фудбалот и беше најзаслужен за гостинската победа против Интер во неделата.

Џанфранко Ѕола - човекот што одби милиони поради детскиот сон

Најголема љубов во детството на Ѕола биле фудбалскиот клуб Каљари и сладоледот од ванила, кој можел да го јаде со килограми. Пред 13 години ги одби милионите на Роман Абрамович за нов договор и реши да се врати во својот крај, каде што ја заврши славната кариера.