Судиите кои носат одлуки, грешат без да се консултираат со ВАР. Судиите кои прават грешки, продолжуваат да грешат и откако ќе прегледаат снимка на ВАР. ВАР, кој не се сложува со скандалозниот гол со рака на Милан - Лацио. Се случи се и сешто во најцрната недела за судиите и нивните помошници кога е во прашање прегледот на забавените снимки.
Честитки за Гатузо, кој без игра на зборови, го признава и потенцира ударот со рака на Кутроне во при првиот тол, оној кој го управува мечот. Неверојатно е што не на терен, каде адреналинот е илјадарка, туку во топлата кабина во режијата, никој не го забележува чистото играње со рака.
Не е ова на исто ниво со раката на Марадона, но не сме ниту во тоа време, кога не постоеше никакво објаснување пред мониторите. Факт е дека Милан, на кој му тргна со Гатузо, се најде да слави, а Лацио уште еднаш има причина за лутење. По Џакомели, овој пат Ирати и Роки (кој ќе суди на СП 2018) му направија штета на Инѕаги и неговиот тим.
Протести имаше исто така и на Сан Паоло, каде Донадони го изгуби својот вообичаен мир. За осуда е благиот допир врз Калехон, за кој беше досуден пенал. Во овој случај барем постои можност судијата лошо да го процени интензитетот на допирот. Од тоа профитираше Мертенс кој го даде пеналот, пред да стреле уште еднаш од игра.
Она што е сигурно е дека меѓу допири со рака и случаи кои се на граница, шампионатот се разгорува и има постојан пинг понг од негодувања. Во црната недела за судиите, имаше кардинални грешки и на мечот Кротоне - Каљари.
Коментар на Алесандро Вокалели, директор на Кориере дело Спорт
Од судиските грешки овој викенд во Серија А, најголема прашина се крена за четири меча.
Голот на Кутроне со рака на мечот Милан - Лацио за кој не беше побаран ниту ВАР.
CLAMOROSO!!!! Il GOL DI #CUTRONE ERA COMPLETAMENTE IRREGOLARE PERCHÈ SEGNATO DI GOMITO #milanlazio pic.twitter.com/RP3Q8hBL5p
— Patrizio Pasqualini (@Patrytredici) January 28, 2018
Сомнителниот пенал во корист на Наполи на мечот со Болоња
Играњето на Кулибали со рака кое не беше санкционирано и за кое не беше побарано ВАР.
Поништен чист гол за Каљари на мечот со Кротоне каде јасно се гледа дека нема офсајд.
Киево на мечот со Јувентус доби два црвени картони, а Качаторе гестикулираше сакајќи да покаже дека фудбалот е заробен.