Приказна за тоа зошто Каљари и клубовите од Корзика имаат симбол со црн лик

Еден од најголемите трендови летово, особено во САД беше преоценка на симболите кои може да се сметаат за расистички. Американски франшизи почнаа да размислуваат за преименување и менување на грбот. Ама за тоа не сакаат да слушнат на Корзика и на Сардинија каде со векови има експлицитна хералдика.

И не се работи само за правата на црномурното население, пример еден од гигантите во НФЛ лигата Вашингтон Редскинз (Црвенокожи) се најде на удар на јавноста поради името и логотипот со индијанец. Оваа франшиза реши да го менува името и логото поради барањата на дел од јавноста.

Слично нешто може да се случи и во Европа, каде шведскиот хокеарски клуб Фрелунда, еден од најјаките хокеарски тимови на континентот размислува за нов амблем. На актуелниот уште од 1996-та им стои индијанец а нивниот прекар е Indians.

Има во Европа и еден голем регион каде сепак тешко дека ќе се откажат од симболиката во догледно време. Станува збор за островите Сардинија и Корзика во Западното Средоземно море.

Два најголеми и најпознати клуба од Корзика се Ајачио и Бастија. Во Ајачио има уште еден помал клуб Газелек. Сите овие клубови во амблемите имаат еден воочлив елемент - глава на црномурен претставник на Маврите со бел превез.

Во клубовите од Бастија овој елемент завзема централно место. Клубот од Ајачио на грбот додал и елементи поврзани со градот: лав и круна, но главата на претставникот на Маврите стои на видно место. Така е и со Бастија и со други клубови од регионот:

Серкл Атлетик:

 Бастија Борго:

Газелек од Ајачо:

И во италијанската Серија, на амблемот на клубот Каљари од Сардинија има не една глава на претставник на Маврите, туку четири:

Како тоа профилот на црномурен лик се нашол во основата на овие клубови?

Одговорот лежи во историјата, во најголем дел во историјата на Шпанија.

Амблемот на Каљари го содржи знамето и грбот на Сардинија како област во составот на современа Италија. Има и четири глави на лик од Маврите како и црвениот крст на Свети Ѓорѓи.

Знамето на Сардинија е познато како bandiera dei quattro mori (знамето со четирите маври) и тоа се користи на островот уште од 1950-та година.

ОД КАДЕ НА ЗНАМЕТО НА САРДИНИЈА ЧЕТИРИ МАВРИ?

Овој остров историски имал врски со едно од шпанските кралевства - Арагон. Љубителите на фудбалот го виделе симболот на Арагон и благодарение на грбот на клубот Сарагоса каде играа Чилаверт, Мориентес, Валдано, Ајмар, Ајала, Јиржи Јарошик и други.

Грб со кралството Арагонија има и клубот Уеска кој се пласираше во најдобрата шпанска Ла Лига.

На крајот од XIII кралевите од Арагон се спореле за островите од Западното Средоземие со француските Капетинги. Немало тогаш судии за ова прашање, па во улога на арбитри настапиле црковните лидери - римските папи и антипапи (оние кои се прогласиле себе за папи, но официјално не станале папи).

Претензиите на земја и тронови биле од роднини меѓу себе. Еднаш на Сицилија го повикале арагонскиот крал Педро Трети за да ги заштити од анжујските Капетинги. Почнала дури и војна во Сицилија.

Во 1282-ра година се верува дека се појавил и називот „мафија“, кога Сицилијанците спремале заговор против Французите кои ги опседнале.

Знамето на Корзика

На крајот заинтересираните страни се согласиле за статусот, па Сицилија и била поверена на Папската власт, дел добиле и Капетингите анжујци, а Сардинија и Корзика јурисдикциски отишле под власт на кралот на Арагон. Повеќе стотици години Арагонците имале право на Сардинија и Корзика. Тие упаднале на Сардинија и од таму ги протерале клавоните од Пиза и Џенова кои вршеле контрола.

Фактички во XIII и XIV век Сардинија и Корзика биле територија на шпанското кралство Арагон.

Што се однесува до знамето, приказната води од Реконкиста. Во текот на многу векови Шпанците се бореле против муслиманите кои дошле на Пиринејскиот полуостров од Северна Африка.

Територијата Арагон било главно поприште на битките.

Според легендата, уште во 1096 година арагонскиот крал Педро Први со помош на Свети Ѓорѓи однел голема победа во битка со муслиманите кај Алкорас.

Две години пред оваа битка таткото на Педро Први, Санчо Рамирез бил убиен кај Алкорас од стрела од Маврите за време на опсадата на Уеска. Во 1096-та година муслиманските владетели на Сарагоса повеле голема војска против христијаните за да го решат прашањето на Уеска.

Наводно Свети Ѓорѓи, според митот, помагал на страната на Арагонците. Тој отсекол глава на четири муслимански лидери со турбан на челото и ги оставил на теренот кај што се водела битката.

Муслиманската армија била обезглавена и претрпела голем пораз. Педро ја освоил Уеска и таа станала прв град во кој Арагон ги победил муслиманите.

Историчарите сметаат дека токму со пресвртот (ремонтада/реконкиста) кај Уеска Европејците забележале победа во битките за Пиринејскиот полуостов.

Црвениот крст на Свети Ѓорѓи е и еден од симболите на кралството Арагон.

Свети Ѓорѓи и кралот Педро

Домашниот стадион на клубот Уеска се вика Ел Алкорас - во чест и сеќавање на најлегендарната битка која се одвивала токму во месноста каде се наоѓа стадионот на новиот шпански прволигаш.

Крстот симбол на Алкорас

Крстот на Свети Ѓорѓи има големо значење во културата на северна Шпанија. Пример минатата година најголемиот фудбалер на сите времиња Лионел Меси од Барселона ја доби уникатната награда од реонот Каталонија - признание наречено Крстот на Свети Ѓорѓи. Лео е само втор играч на Барса кој го добил ова признание за животно дело. Пред него Крстот на Свети Ѓорѓи го добил Јохан Кројф.

Симболиката со маврите на хералдичките штитови на Арагонците се користела со векови. Белиот превез преку главата на претставникот на Маврите одел преку очите или преку главата.

На Корзика клубовите Атлетик Ајачио, Спортинг Бастија, Газелек Ајачио и Бастија Борго користат глава на претставник на Маврите кој го има и на грбот и знамето на овој остров.

Главниот хералдички симбол на Коризка е едноставен: црномурна глава со бел повез преку глава.

Корзика и Сардинија во XIII и XIV век биле територии под власт на шпанското кралство Арагон. Логично е што и овие два острови ги користат симболите со главата на претставник на Маврите од битката кај Алкорас.

МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ

Се смета дека последна муслиманска држава во Западна Европа бил Гранадскиот емират, кај Гранада на југот од денешна Шпанија.

Играчите на фудбалскиот клуб Гранада ги нарекуваат „Насријци - Nazaries“ - директна врска со основачот на династијата Мухамед ибн Наср. 

Така еднаш пирати ја заробиле младата Корзиканка Дијана и ја продале како робинка во емиратот Гранада.

Паоло, саканиот на Дијана, не се откажал од својата љубов. Тој отишол во Шпанија и успеал да стигне до Дијана со која три дена скитале по градовите во Сиера Невада и крај брегот стигнале до родната Корзика. Емирот на Гранада му наредил на својот послушник Мансур да ја вратат Дијана жива или мртва како знаат и умеат. Огромна флота со Маври се упатила кон Корзика на барање на големиот Емир.

Кога стигнале на островот, Мансур и неговите луѓе почнале да убиваат и ограбуваат се што им се нашло на патот. Конечно на крај стигнале до местото Алерија на источниот брег каде живееле Дијана и нејзиниот вереник.

Паоло со своите соборци успеале да ги одбијат нападите. Битката била жестока со стрели, копја и силни камења. Според митот, ноќта крваво-црвена месечина го осветлила теренот и прикажала илјадници безживотни тела со птици околу нив.

Во полето стоело големо копје со отсечена глава обвиена со бела лента. Се верува дека тоа била главата на Мансур која што ја отсекол лично вереникот на Дијана.

Трофејот подоцна одел од село во село, од еден крај на островот до друг. Оваа традиција подоцна се прераскажувала од колено на колено и Корзиканците ја чувале со векови. Дури и стотици години подоцна тие решиле црната глава да биде видна и да служи како застрашувачко страшило за сите непријатели и се наоѓала на чисто бело знаме на нескротливите синови на Корзика.

Во денешно време дел од европската и светска јавност обвинува дека главата на претставник на Маврите на грбовите на градови, фудбалски клубови и други институции е расистичка.

Синонимот за отсечена црна глава не им е на сите по волја, особено не по убиството на Џорџ Флојд во САД кога се кренаа масовни и жестоки протести.

Пред неколку години на интернет се појавила и петиција со барање за забрана на јавна демонстрација на знамето на Корзика со црна глава. Француските медиуми тогаш за илустрација цитирале и една противничка на овој грб по име Самира која напишала:

„Ужасната сум по сознанието дека на корзиканското знаме има отсечена глава на Мавра. Со денешни зборови ова е обезглавен Арап. Како е можно да се стави ваков симбол на француска институција“?

Но ова мислење не го дели речиси никој жител на Корзика. Доволно е да се спомене дека на денот на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во април 2019-та година сите знамиња на Корзика биле на балконите, на терасите, пред продавниците.

Париските власти одамна имаат проблем со корзиканското општество. Макрон на пример истакнал дека тој е против тоа корзиканскиот јазик да добие официјален статус, утврдувајќи дека на територијата на Корзика може да има само еден официјален јазик - францускиот.

Корзиканскиот јазик многу повеќе потсеќа на дијалектите од централна Италија отколку на француски јазик.

СКАНДАЛОТ НА НИЦА

Инаку во 2014-та година кога тогаш како француски прволигаш Бастија играше на гости со Ница, префектот на канцеларијата на Приморските Алпи чиј главен град се смета Ница, категорично забранил да се користи корзиканскиот амблем околу стадионот за време на меч од Лига 1.

Што направија гостите од Корзика: Прво ја победија Ница 0-1 на нејзин терен, а после го обвинија префектот за „анти-корзикански расизам“ (стапот секогаш има два краја) и после победата резервниот голман Жан Луј Лека кој тогаш му беше резерва на Алфонс Ареола (денес голман на Реал Мадрид), над глава вееше знаме на Корзика.