Лудницата на Сампдорија против Лацио и Каљари против Рома

Синоќа се одиграа најлудите средби од досегашниот тек на Серија А. Прво на Сардинија Рома имаше убедливи 0-2 против Каљари, за домаќинот со двајца играчи помалку (црвени картони), дури во 95-та минута  да израмни на 2-2 и да направи сензација. А уште полуд меч се одигра на „Олимпико“ во Рим каде Лацио и Сампдорија одиграа 2-2 со два гола длабоко во судиското продолжение.

Лацио направи пресврт на 2-1 со гол од пенал после прегледување на ВАР снимка, но Сампдорија израмни во 99’ минута преку Сапонара. Тоа беше најдоцниот постигнат гол во историјата на италијанското првенство. Навивачите на гостите буквално го соблекоа гол при прославата:

Еве хајлајтс и од двата меча: Каљари - Рома и Лацио - Сампдорија:

 

9 декември 2018 - 12:11