Каљари сезонава тргна многу лошо со 6 порази и 3 нерешени во првите два месеци, без победа.
Но сега избега од последните три места кои водат во Серија Б, а тоа се должи на подобрувањето на резултатите во последно време.
Во последните 40 дена има три победи, единствени во 15 кола од кои два не се за навивачи со слабо срце.
На 30 октомври, дома губеа 0:3 од Фрозиноне до 72 минута и на крај победија. Головите за 3:3 и 4:3 ги постигна 35 годишниот Леонардо Паволити кој играше и една сезона во Наполи.
На овој ретко виден пресврт, не само во Италија и општо во фудбалот, сврзаа синоќа уште еден, повторно со два гола во судиско.
Сасуоло имаше 0:1 од 7 минута сè до стартот на 94-та, а тогаш еден друг познат ветеран, Џанлука Лападула погоди за 1:1.
33 годишнииот Перуанец смени 15 италијански клубови, сезоната 2016/2017 играше за Милан, а лани беше главен актер на Каљари во Серија Б со 26 гола.
Минута 99-та, Каљари стигнува до втор гол за конечни 2:1. Стрелец? Херојот од пресвртот против Фрозиноне, Паволети и тоа со ножички за земјотрес на Сардинија.