Нов неверојатен пресврт доаѓа овојпат од италијанскиот фудбал. На мечот меѓу Каљари кој од клупа го води Клаудио Раниери и Фрозиноне, во 70’ минута домашни гледачи веќе го напуштаа стадионот затоа што гостите водеа 0-3. Готово се изгледаше решено.
Фрозиноне третиот гол го постигна ов 49’ минута.
Но во 72’ минута почна лудиот пресврт: Гаетано Ористанио намали на 1-3. Во 76-та минута Антоан Макумбу намали на 2-3.
Огнометот следеше во длабоко судиско продолжение: прво во 90+4’ минута Каљари израмни на 3:3 преку Леонардо Паволети кој две минути подоцна во 90+6’ минута со втор гол на мечот ги постави конечните 4-3!
Пресврт каков што не се памети во Серија А!
Ова беше прва победа на Каљари сезонава. Минатото коло одиграа 2:2 со Салернитана, а претходно губеа по ред од Аталанта (2:0), Милан (3:1), Фиорентина (3:0) и Рома (4:1).
Главен јунак на вечерта беше шпицот Леонардо Паволети кој до дуелот со Фрозиноне повеќе од шест месеци не постигнал гол во Серија А. Последниот му беше во февруари 2022 против Емполи (1:1).
РАНИЕРИ СВЕДОК НА УШТЕ ЕДНО ЧУДО
После епската титула со Лестер во Премиер Лига, Клаудио Раниери неколку сезони беше во тимови кои не воодушевија резултатски: прво имаше слабо издание во Нант, па во Фулам и Рома, па потоа бледо играше и Сампдорија под негово водство а најслаби настапи имаше Вотфорд.
Но сега 72-годишниот Раниери конечно е творец на ново чудо. Каљари кој му е роден, матичен клуб каде почнал уште во 1986-та година може да стане и негов последен клуб во кариерата.