Таг: сасуоло

Нов луд пресврт во Серија А, повторно на Раниери и повторно во судиско и тоа со ножички

Навивачите на Каљари сезонава дефинитивно со апчиња треба да одат на стадион. Во фудбалот има често пресврти, ама не вакви.

Во последното коло од Серија А падна риболов на стадион

Сасуоло - Фиорентина 1:3. Ја фати само со конец, без трска и ја пушти. Уште ова го немавме видено.

Сасуоло елиминиран во Куп од второлигаш, Берарди тргна да се тепа со навивач

Новиот второлигаш Модена го шокираше Сасуоло со 3:2 уште во првата фаза од италијанскиот Куп. Доменико Берарди пред стадион му се сипа на навивач откако не ги издржа навредливите провокации.

Кој кого тепа тука после Сасуоло - Милан и зошто?

Сè некој тепа некого деновиве на фудбал и тоа грото од инцидентите се на сам терен. Сега најново налетавме на снимка од Сасуоло после освојувањето на Скудетото на Милан. Ако можете дешифрирајте кој, кого и зошто дели шамари? Во еден момент навивач на Милан удира друг навивач на Милан. Чуму?

Страшно тешкиот подвиг на Сасуоло кој само четири пати се случил во Серија А

Статистичарите извадија податок дека вакво нешто последен пат успеала да направи Фиорентина пред 66 години. Што се случило на крај? Го освоила Скудетото.

Прогресот на тренерот на Сасуоло

Во 2014-та на 34 години одиш на игралиште со капацитет од 1.050 гледачи за да го водиш Олџинатезе кој го нема ни во билтен. Седум години подоцна им се исправуваш на Јуве и Алегри и ги победуваш на нивен тренер. Е таков знае да биде фудбалот. Романса.

Реакцијата на Недвед, дриблингот на Артур и македонското знаме

Покрај трите гола во Торино, каде Сасуоло го шокираше Јуве во 95-та минутa, имаме уште три моменти за споделување.

Каква ќе биде Италија на Европско и што може да се очекува

Во вторникот Италија го објави конечниот список фудбалери за Европско првенство. Селекторот Манчини спремил пар изненадувања за јавноста а го повика и резервистот на Сасуоло Распадори кој нема ни минута настап за репрезентација.

Не пушам мамо

Ја пафкав само.

Леао од Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

Фудбалерите на Милан продолжија со победите , а на мечот со Сасуоло го постигнаа и најбрзиот гол во историјата на Серија А.

Де Ѕерби - италијанскиот Гвардиола со кој Сасуоло игра фантазија од фудбал

После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е  „Пеп за сиромашни“.

Понижувачки гол на Сасуоло против Наполи

Сасуоло е една од трите екипи заедно со Јуве и Милан која нема пораз после 6 кола во Серија А. Денеска го изненади Наполи на гости со 0:2, a погледнете што им направи на крај 22 годишниот Максим Лопез кој го земаа на позајмица од Марсеј пред неполн месец.

Две ремек дека на брливиот Сасуоло

Има нешто посебно во оваа екипа на која во памет и е само да дава многу голови. Сезонава тераат исто како лани. Специја ја победија 1:4, Кротоне 4:1, Болоња 3:4 и по три ефикасни победи одиграа 3:3 на гости со Торино и тоа со два гола во 84-та и 85-та.

Потценетиот италијански напаѓач кој сезонава е поефикасен е од Џеко, Игуаин и Дибала

Имобиле и Роналдо сезонава се главни фаци во италијанско, исто како и Лукаку. Но се запрашал ли некој кој е четвртиот најдобар стрелец во Серија А, кој даде повеќе голови од многу славни голгетери? А пази ова, на 32 години ја игра само третата сезона во елитното друштво.

Наполи - Сасуоло со епизоди за Гинисова книга на рекорди

Наполи со 2-0 го победи Сасуоло (Хисај и Алан стрелци), Елмас играше од 79' минута кога влезе на терен наместо Зјелински, ама мечот го одбележија дури 4 епизоди со поништен гол на гостите. Никогаш и никаде не е видено во фудбал вакво нешто. 4 поништени гола. 2 на Филип Ѓуричиќ поради наводен офсајд а сите 4 по првиот и пред вториот гол на Неаполците.

Ако не па 10 пати да шутнам за да ти дадам гол

Милан продолжува со фантастичната серија после карантинот во Италија, а синоќа го совлада и Сасуоло на гости со 1:2. Одеше и на трет гол, ама голманот на домаќините запна ептен и реши да не прима повеќе.

Сè ќе биде во ред, останете дома

Сасуоло и Бреша синоќа го одиграа последниот меч на колото, но и на месецот, откако премиерот на Италија синоќа изјави дека ќе мора да прекинат сите спортски манифестации заедно со фудбалот до 3 април.

Најјака

Обично водачот на ултрасите е некој меѓу постарите, оној со стаж и авторитет во групата. Океј, така е и во Сасуоло со таа разлика што тука имаме бабичка, ама закон бабичка.

18-годишен голман на Сасуоло бранел во петок за младинци, па во недела против Роналдо и Јуве

Фудбалот и спортот воопшто се режисери на многу фини приказни. Викендов видовме две бајки, едната во Лондон, другата во Торино. Заедничко и за двете е што во главни улоги се голмани.

Џиџи, време е за пензија мајсторе

Во неделното матине, Јуве го пречека Сасуоло и спасуваше бод. Гостите прво израмнија во 23’ минута, па во 47’ минута поведоа 1-2 преку Капуто по две грешки на Буфон во една акција.

Овој па како од небо да паднал

Мечот меѓу Сасуоло и Интер донесе голеада од 7 комада, односно гостински триумф од 3:4. Натпреварот во еден момент беше прекинат поради еден падобранец на терен, ама буквално падобранец. Што бараше тука да слетува само тој знае.

Види го ти Сасуоло правење акција

За тие што не знаат, Сасуоло е убава екипа, остајте вие името, плус ефикасни се. Лани постигнаа 53 гола. За споредба (Милан 55, Лацио 56, Интер 57). Го имаат Берарди кој скоро ви го фалевме, ама имаат и одличен тимски дух. Погледне од каква каша излегоа и што одиграа.

Стадион во Италија на кој се оди со трска за по риба

Навивачите на Модена направија прејак штос на гостувањето против Реџана во Серија Д, која важи за четврта лига во Италија. Нивната екипа не се врати со полн плен од гостувањето кое заврши 0:0, ама затоа тие се вратија. Какви цареви. Инаку истава река “за риболов“ на гостинските навивачи им ја нуди и прволигашот Сасуоло, бидејќи и тие го користат овој стадион.

Што значеше прославата на Роналдо со маската на Дибала?

Пред една недела Пауло Дибала го гледаше мечот од Парма (3:3) од клупата за резерви. Кога Аргентинецот сфатил дека нема шанси да влезе во игра, тој станал и заминал во соблекувална уште пред судиската свирка. Новинарите одма отвориле случај.