Сè ќе биде во ред, останете дома

Сасуоло и Бреша синоќа го одиграа последниот меч на колото, но и на месецот, откако премиерот на Италија синоќа изјави дека ќе мора да прекинат сите спортски манифестации заедно со фудбалот до 3 април.

Двоен стрелец на синоќашната средба беше Франческо Капуто кој привлече внимание со еден јак волеј, а потоа уште повеќе и со порака до земјата која само синоќа имаше нови 1.800 случаи на корона вирус.

Првиот гол и пораката

Волејот

Инаку италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите спортски натпреварувања, вклучувајќи ја и Серија А се суспендирани поради корона вирусот барем до 3 април.

Суспензијата не се однесува на меѓународните натпреварувања, туку само на домашните што значи дуелите во ЛШ и ЛЕ ќе се играат во Италија, но без публика.

Изминатиов викенд во Серија А се одиграа заостанатите средби од претходното 26.коло без публика и со забрана за ракување меѓу фудбалерите и судиите.

Но од синоќа во Италија нема црвени зони и цела земја е во карантин, бидејќи вирусот сè повеќе се шири и стигна до над 9.000 заболени и 463 жртви.

10 март 2020 - 09:29