Таг: сасуоло

Како тоа топката влезе во гол, а ВАР вика не е гол?

Ја имаме дилемата на колото. Ама малку е на колото, туку на сезоната. Можно ли е видео технологијата да киксне или 99.99% сепак не се 100% и тоа е тоа, нема простор за дилеми?

Јунакот кој одигра 100 фудбалски мечеви по ред после победен рак

Дефанзивецот на Сасуоло, Франческо Ачерби ја одигра секоја минута на секој меч од 18 октомври 2015-та без да биде заменет, повреден, суспендиран или тргнат од тим. Можеби ова немаше да звучи сензационално ако не знаевте дека претходно излечил рак на тестиси.

Патот на Сасуоло од четврта лига во Европа

Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.

Сторијата за Сасуоло, најиталијанскиот тим

Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.

Со тим „Made in Italy“ до Лига Европа

Финалето од италијанскиот Куп овој викенд беше повод за возбуда и навивање кај три пара навивачи. Оние на Јувентус, Милан и Сасуоло. Екипата на третите не беше директен актер на теренот, но триумфот на Јуве им помогна да испишат историја.

Зошто никогаш не треба да се предаваш

„Пред да умрам сакам да те видам во Серија А“, му рекол таткото на Франческо Ачерби, италијански репрезентативец и доскорешен фудбалер на Милан кој имаше рак на тестиси, падна на допинг-контрола поради хемотерапија, боледуваше со грбот, но стана и стигна до 100-от настап во Серија А.

Човекот акробација - Маурицио Пиниља

Поранешниот вундеркид на чилеанскиот фудбал се препороди со маестралните ножички кои станаа заштитен знак на неговата игра, потег со кој редовно ги матира голманите.

Новите прволигаши не сакаат странци

Додека фудбалските власти во најсилните екипи на континентот често се тепаат за бомбастични странски имиња, некои екипи трчаат по топката само со домашни играчи. Еибар, Барнли, Падерборн и Каен во елитата се приклучија претежно со деца од дома.

Тинејџерот што го потопи Милан

Сигурно помисливте дека мора да е некоја грешка кога прочитавте „Сасуоло - Милан 4:3", башка и сите четири гола за домаќините постигнати од ист играч. Тоа дефинитивно не беше грешка. Тоа беше Доменико Берарди - новата надеж на Јувентус.

60.000 “луди“ Наполитанци на мечот против Сасуоло

Навивачите на Наполи се пример како треба да се бодри клубот. По заминувањето на Лавеци, а потоа и Кавани меѓу нив нема разочарани лица, а не е битно ниту името на вечерашниот противникот кој иако лани беше второлигаш ќе се судри против тимот на Пандев пред преполни трибини.