На 15 септември 2016. година, малото градче Сасуоло во северо-западна Италија се спремаше за нешто посебно.
Со популација од 41.000 жители, градот во провинцијата Модена никогаш не бил навикнат на големи спортски случувања. Но минатиот месец го пречекаа Атлетик Билбао на „Stadio Città del Tricolore“ за првиот европски меч на Сасуоло во историјата - момент кој градот не го ни сонувал пред една деценија.
Приказната за клупската трансформација на Сасуоло ќе ве натера да верувате во чуда. „Зелено-црните“ играа во четвртата италијанска лига во 2006. година со мали или никакви амбиции за поголем успех во скоро време.
Но таа убава вечер минатиот месец околу 7.000 навивачи дојдоа да гледаат дуел кој нема скоро да го заборават. Како што во таа прилика изјави градоначалникот на градот Клаудио Пистони: „Сликата која клубот Сасуоло ја дава за градот е голема. Горди сме сите, па и оние кои не гледаат фудбал“.
Сасуоло го прегази Атлетик Билбао со 3:0 и го објави пристигнувањето на европска сцена во голем стил. Скитаа меѓу Серија Ц2 и Серија Д во ’80-те и ’90-те години, драматичниот развој на клубот расплакал од среќа многу постари жители на овој мирен град.
Клубот беше во Серија Ц2 (италијанска четврта лига) во 2006. година. Летото таа година, Сасуоло обезбедил промоција во Серија Ц1 и после една сезона консолидација, тренер на клубот станал Макс Алегри, секагшниот тренер на Јувентус. Масимилијано дошол во клубот во август 2007 и заминал во април следната година со обезбеден пласман во Серија Б.
Таквиот развој на настаните го натерал Каљари да го ангажира Алегри во Серија А. Макс подоцна освојуваше титули со Милан и Јувентус.
"Neroverdi" брзо се прилагодиле на Серија Б. Откако завршиле седми во сезоната 2008/2009, следната година играле во плејофот под водство на поранешниот стопер на Јуве и Фиорентина, Стефано Пиоли. Сасуоло загуби во двомечот за пласман финалето на плејофот за пласман во Серија А од Торино.
Нов пораз во плејофот го разочарал градот и во сезоната 2011/12, кога Сасуоло загубил од Сампдорија на патот кон елитата.
Екипата била конзистентна и решена да го направи главниот чекор, но не можеле да го најдат правиот лидер кој би ги внел во ветената земја Серија А. Газдата на клубот, Џорџо Сквинци, голем навивач на Милан и сопственик на компанијата Mapei Industries решил да го постави за тренер поранешниот играч од средината на Рома и репрезентацијата на Италија, Еузебио Ди Франческо.
Ди Франческо често го споредуваат со Јирген Клоп за неговиот ентузијазам и весел дух во соблекувалната. Ди Франческо, како и Клоп на средбите доаѓа со хипстерски очила и кроени сакоа. Занаетот го учел од неговиот ментор во Рома Зденек Земан кој во Италија ја донесе инспиративната формација 4-3-3. Еузебио е прагматичен тренер, оптимист и дисциплиниран човек.
Во сезоната 2012/2013 Ди Франческо ја воодушеви Серија А со фантастичниот фудбал. Со играчи како Доменико Берарди (со 21 година стана најдобар стрелец во клупската историја), везниот играч Симоне Мисироли како и евергринот Франческо Мањанели, Neroverdi издоминираа во втората лига и најголем дел од сезоната беа први.
Во драматичното последно коло, Сасуоло мораше да го победи Ливорно за да обезбеди историски пласман во елитната Серија од судиското продолжение и Сасуоло стана првак во Серија Б.
Подвигот кој изгледаше невозможен неколку години претходно ги натера сите граѓани на Сасуоло да излезат на плоштадот Гарибалди и да слават со нивните херои. Градоначалникот Клаудио Пистони гордо истакна дека градот сега е „Серија А град“.
Во нова ситуација како прволигаши, клубот сакаше да обезбеди сигурен дом. Во декември 2013. година, управата ги откупи правата за користење на стадионот „Мапеј“ во Реџо Емилија. На тој начин Сасуоло стана првиот трите клуба покрај Јувентус и Удинезе кој има целосно свој стадион. Многу навивачи тогаш биле незадоволни што ќе мора да патуваат до Реџо Емилија. Сквинци во меѓувреме потпиша договор за спонзорство вреден 22 милиони евра по сезона.
Првата сезона значеше многу за тифозите на Сасуоло кои од коло во коло ги посетуваа најголемите стадиони во земјата. Но резултатите не беа задоволителни. Првата година губеа од моќните Лацио, Рома, Јувентус и Интер а наскоро Модена ги посрамоти со 7-0.
Во меѓувреме историски меч одиграа против Милан кога славеа 4-3 а сите голови ги постигна неверојатниот Доменико Берарди.
Сепак следуваа нови шамари од Торино и Ливорно и Ди Франческо доби отказ. Газдата Сквинци се јавил кај пријателите во Милан со надеж дека ќе го пуштат Пипо Инзаги (тогаш тренер на младинците) во Сасуоло но брзо го одбиле.
Сквинци тогаш се решил за Алберто Малезани, познато по титулата во Купот на УЕФА со Парма во 1999-та и славен по бурната прес-конференција како тренер на Панатинаикос кога 20 пати го употреби зборот „cazzo”. Но ниту Малезани успеа да ги среди работите и пет меча беа без победа, по што Алберто ги спакува куферите, а одново дојде харизматичниот Ди Франческо.
Иако беа на само четири бода од опасната зона за испаѓање, Ди Франческо им обезбеди 17 бода во следните 12 меча и Сасуоло се спаси од Серија Б.
Во сезоната 2014/15 влегоа со многу оптимизам. Одбраната ја предводеа Паоло Канаваро (брат на Фабио) и Франческо Ачерби кој стана најнадежниот италијански дефанзивец и тоа по операција на рак на тестисите. Средниот ред го предводеше Мањанели, легендарниот капитен кој во Сасуоло е уште од четвртата лига. Нападот го носеа Берарди и Симоне Ѕаѕа.
Тимот го сметаа за „Баскија во мало“ затоа што играа претежно Италијанци и по некој странец. И покрај слабиот старт на сезоната и дебаклот од 7:0 против Интер, Сасуоло заврши 12-ти, дури пет места подобро од претходната сезона. Два пати го победија Милан и еднаш Интер. Лесно можеа да завршат и во средината на табелата, но примаа голови во финишот против Рома, Џенова и Палермо.
Се засилија со Симе Вршаљко, Матео Политано и Алфред Данкан и во првите шест меча од новата сезона 2015/16 немаа пораз. Тогаш го победија и Наполи дома во првото коло а набрзо падна и Јувентус.
На крајот од кампањата лани завршија шести пред Милан и Лацио и само три бода зад Фиорентина и автоматски обезбедија место во Лига Европа. И покрај тоа што ја продадоа главната ѕвезда Никола Сансоне во Виљареал, „Црно-зелените“ лесно се пласираа во Лига Европа.
Нивниот успех е историски исто како подвигот на Лестер. Во моментов се стабилен клуб кој успешно игра на дури три фронта а градот ужива во својата „италијанска Баскија“.