„Се будам во 3, го собирам ѓубрето до 10 и потоа трчам на тренинг. Ќе продолжам и следната сезона. Но, немојте да го нарекувате ова бајка, ние стварно играме фудбал".
Во недела кога топ тема во фудбалот е Лига на шампиони, Италијанците ќе ти извадат меч со лудо сценарио кое не паметиме дека некогаш се случило во прволигашки фудбал.
Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.
Некогашниот редовен прволигаш Катанија, клуб од Јужна Италија, се натпреварува во трета лига. На нивниот меч против Вибонезе тренерот на Катанија Бепе Рафаеле кај аут линијата спречи една контра на гостите и доби директен црвен картон. За негова среќа Катанија славеше со 2-1.
Во средата фудбалскиот клуб Падова, од третата италијанска лига, прослави супер јубилеј: 110 години од основањето. Во серијата настани и церемонии, најјака беше навивачката претстава.
Играле Кунео и Про Пјаченца. Гостите дошле само со 7 играчи и сите седморица имале 16 и 19 години. Дошле без тренер. На крајот Кунео ги совладал со 20-0 ама цела Италија им честита на децата од Пјаченца кои дошле машки да одиграат.
Во Серија А го имаме Пандев, во Серија Б Несторовски и Трајковски, а сега да видиме што има најново во Серија Ц. Лош, многу лош пример за кој малку е казна од пет месеци.
Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.
Две години откако банкротираше и ја избркаа како партал во четвртата лига, Парма победи во ужасно напорниот бараж (5 меча) и обезбеди влез во Серија Б.
Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.