Ултрасите на Падова се собрале на Прато дела Вале, најголемиот плоштад во Италија кој има 88.620 квадратни метри и направиле спектакуларно пиротехничко шоу со бакљи, стробови и димни бомби.
Историскиот плоштад на Падова е познат по тоа што во средишниот дел има канал во форма на еклипса, преку каналот се изградени мостови а вдолж каналот има и статуи од најпознатите Падоанци кои твореле од 1775 до 1838 година.
Во јужниот дел од плоштадот се наоѓа базиликата Санта Џустина, а во северниот е базиликата посветена на Свети Антоние Велики.
Еве како изгеда Piazza Prato Della Valle
Во средата плоштадот бил полн со фудбалски навивачи кои организирале пиротехничко шоу во форма на грбот на Падова. Ја добиле оваа чудесна глетка:
Дента во градот била откриена и историска слика (2 на 3 метри), а на неа е насликан Нерено Роко (изумител на катеначо фудбалот), светскиот патник и истражувач Џовано Белцони и првата жена доктор на науки Елена Лукреција Корнаро.
Со името на Нерео Роко се поврзани златните години на клубот Падова. Роко, прославен и во Трст каде најголемиот градски стадион го носи неговото име, ја спасил Падова од испаѓање во Серија Ц (клубот сега игра таму), ја одвел во Серија А и ја направил редовен просечен клуб во најдобрата лига. Во 1985-та година Падова завршила на 3. место во Серија А.
Во 1961-ва Нерео Роко заминал во Милан, а веќе следната година Падова експресно испаднала во Серија Б. Дури после цели 32 години, во 1994-та Падова одново се вратила назад во елитната Серија А, но таму не опстанала долго.
Последен пат Падова играла во Серија А во сезоната 1995/1996.
Во 110 годишната историја на клубот најголем успех се смета пласманот во финалето на Купот на Италија 1967 година кога изгубиле 1:0 од Милан. Во градот биле организирани неколку манифестации, изложби на стари фотографии и вредни предмети од клупската историја а бил организиран и свечен ручек.