Италијанските медиуми пред два дена пишуваа дека во третата фудбалска лига се случила тепачка како на див запад.
Се работи за средбата меѓу Лукезе и Алесандрија која заврши така како што не требаше да заврши. Не зборуваме за резултатот кој од 0:2 за гостите на крај заврши 2:2 со гол во 92-ра минута.
Потоа настанаа турканици од кои произлезе еден момент бетер од дуелот Зидан – Матераци кој се случи во финалето на Мундијалот во Германија 2006.
Тренерот на Лукезе, Џанкарло Фаварин му даде глава на помошник тренерот на Алесандрија толку јако, што овој не стана од земја. Од снимките се згрози цела фудбалска јавност, а Џанкарло наместо да се извини за мега срамниот потег, се обиде да се извади на сељачки начин.
„Жал ми е, ама он прво ме навреди, па ме плукна“, изјави Фаварин.
И да било така, не значи дека треба да му го скрши носот нели? А плус да не правиме муабет каква бучук глава има.
Стратегот на Лукезе денеска ја доби казната од пет месеци суспензија.
Ова боли и кога го гледа човек.
Lucchese coach Giancarlo Favarin has been handed a five-month ban for this headbutt Alessandria assistant Gaetano Mancino in Serie C 😳 pic.twitter.com/sh2LPfSu2T
— Metro Sport (@Metro_Sport) January 29, 2019