Во Серија А го имаме Пандев, во Серија Б Несторовски и Трајковски, а сега да видиме што има најново во Серија Ц. Лош, многу лош пример за кој малку е казна од пет месеци.
2016-та на фудбалски план уште сега се знае дека ќе се памети по тоа што малите им покажаа заби на големите и им демонстрираа дека поранешен четвртолигаш или фармер може да му одржи лекција на оној кој спие на пари и мисли дека е најдобар.
Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.
Од 1984 година до вчера, ниту еден третолигаш немаше стигнато меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Италија. Тоа го стори Алесандрија која беше кобна за екипите на Трајковски и Пандев. Прво падна Палермо, а синоќа Џенова и тоа во 114 минута.