Витамин Ц

Третолигашот кој го разведри италијанскиот фудбал

Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.

Четириаголниот Пиемонте

Сте слушнале ли некогаш претходно за клубот наречен Алесандрија? Овој тим е од истоимениот град во сама близина на Торино, родно место на Умберто Еко, тим кој долго време немаше посебна вредност во италијанскиот фудбал. „Сивите мечки" како што им е прекарот имаат историја долга повеќе од еден век. На првиот голем триумф чекале до средината на минатиот век кога редовно играа во Серија А, а два пати стигнаа дури до 6. место. Главна гордост на навивачите на Алесандрија е пласманот во финалето на Купот на Италија во 1936. година.

Тогаш соседите од Торино ги прегазиле „Мечките“ со 5:1. Пред 100 години, Алесандрија се сметала за еден од поразвиените тимови во Италија. Играта на екипата на времето се базирала со голем посед на средината, поради што го добиле познатиот прекар „Четириаголниот Пиемонте".

По неколку децении клубот се претворил во одлично училиште за талентираните деца. На пример, на крајот од 1950. година таму почнал да тренира Џани Ривера, златниот дечко на италијанскиот фудбал и иден добитник на Златната топка.

Џани имал само 15 години кога дебитирал за првиот тим на Алесандрија. Ривера подоцна отворил војна меѓу Јувентус и Милан кој сакале да го донесат во своите екипи. На крајот Џани облекол црвено-црно а Алесандрија за тоа добила 200.000 долари, рекорден износ во тоа време.

Мечкин сон

Тимот хибернирал по 1960. година и тонел во сè подлабок и подлабок сон. Последната година од животот на провинцискиот клуб можеше да биде 2003-та година. Со одлуката на судот, Алесандрија објави банкрот. Логичен исход после десетгодишни манипулации и измами. Локалната власт со тешки маки успеала да најде нови инвеститори кои вложиле во клубот. А потоа почна бавното искачување од Eccelenza (Серија Д).

Во денешно време да влезеш во италијанската елита и не е така лесно, со оглед на целокупната финансиска состојба во земјата, поради што и екипите од врвот не можат да се пофалат со стабилност. Во 2011-та година, Алесандрија повторно ја погоди несреќна историја на местење натпревари и нелегално обложување.

Локалната фудбалска власт донела одлука за отстранување на Сивите Мечки во Серија Ц, но сезонава екипата игра цврсто и е стабилно раководена.

Ѕвезди во третата лига

Пред почетокот на сезоната, тифозите на Алесандрија ги купиле сите сезонски влезници уште во првиот ден од продажбата. Капацитетот на стадиончето Џузепе Мокаџати (во Италија многу сакаат да го крстат стадионот во чест не древниот претседател на клубот), кој собира не повеќе од 6.000 гледачи.

За град од 90.000 жители и тоа е големо достигнување. Еднаш, многу одамна стадионот имал капацитет од 25.000 гледачи, но во 1994. година, стадиончето било поедноставено. Денес можеби жалат што стадионот е мал кога екипата пишува историја. Управата завршила голема работа со назначувањето на тренерот Анџело Грегучи. Стручњакот работел со Роберто Манчини во Манчестер Сити, но ја внесе и Салернитана во Серија Б. Веројатно сега ќе го повтори тој успех со Алесандрија.

Во ракавот тренерот има свој џокер. На голот му стои Џанмарко Ванучи, кој ја освои Серија А како член на Јувентус. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон и го пуштија на калење во трета лига каде брани стандардно. Во нападот, „Сивите" го имаат својот Единсон Кавани - Мишел Маркони, слична градба како Уругваецот. Поранешен италијански репрезентативец до 21 година и поранешен играч на Аталанта кој во претходните шест години ја бара среќата во пониските лиги.

Заедно со него во Алесандрија игра уште еден освојувач на Скудетото во Серија А: Рикардо Бокалон кој го крена пехарот како играч на Интер иако не забележа ниту еден настап, ниту еден гол. Потоа почна да бомбардира во сите серии освен во А.

Денес Бокалон е ударна игла на Алесандрија и главен креатор на феноменалниот успех. Постигна гол во продолжението против Џенова во 1/8 финалето на купот, а најзаслужен е што Алесандрија е второ место во првенството. Екипата е прв третолигаш од сезоната 83/84 којшто стигнал во полуфиналето на Купот на Италија. Претходно Бари како член на третата лига стигна до полуфиналето.

Куп на Италија

Романтиката на Купот на Италија е тоа што аматерските или полу-професионалните тимови имаат шанса да се сретнат со гигантите во прилично рана фаза. Една таква можност да играат со мајсторите од Серија А ќе биде главен настан во историјата на малите клубови, а уште ако победат, ентузијазмот ќе нема граница.

Алесандрија помина бајка сезонава. Ги елиминираше Палермо, Џенова и Специја од Серија Б, а потоа играа со Милан. Полуфиналето се игра со реванш, а Росонерите славеа со 0:1 (Балотели од пенал) на првиот меч кој се одигра на Олимпико во Торино пред 20.000 гледачи. Сега треба да се игра реваншот, а Сан Сиро е доволно голем да го смести целото население на Алесандрија. Дали „Сивите Мечки“ ќе го повторат најголемиот успех во историјата од 1936. година? Нивниот најважен гледач сигурно ќе биде 72-годишниот Џани Ривера, легендата на италијанскиот фудбал.