Таг: италијански куп

Песната на тифозите на Милан за Пјонтек

Напаѓачот на полската репрезентација се најде на сите насловни страни по медиумите во Италија откако синоќа имаше врвен настап за Милан против Наполи. Навивачката група Curva Sud веќе смислила една нова песна за него.

Џиџи Буфон брани пенали и на 40 години

Најдобриот италијански голман на сите времиња пред два дена прослави 40-ти роденден, а вечерва се врати на терен после повредата и одбрани пенал на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Јувентус славеше 0-1 со голот на Игуаин во 2’ минута и 29’ секунда, а Џиџи му фати пенал на Алехандро Гомез во 25’ минута, по прегледувањето на ВАР. Буфон и во 88’ минута одбрани неверојатно по шутот на Петања. Реваншот од полуфиналето на Купот се игра на 28 февруари во Торино.

Третолигашот кој го разведри италијанскиот фудбал

Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.

Лацио ги изеде наполитанките и славеше до сабајле

По Јувентус, пласман во големото финале на италијанскиот куп обезбеди и Лацио, откако синоќа со голот на херојот Лулиќ го скроти Наполи на Сан Паоло. Поради забрана немаше лацијали во Неапол, но затоа 3.000 навивачи го чекаа тимот до 2 по полноќ во спортскиот центар Формело.

Пандев го освои Купот на Италија

Во финалето на Купот на Италија, екипата на Наполи ја победи Фиорентина со 3:1 и Горан Пандев по петти пат во својата кариера го подигна трофејот од ова натпреварување.

Навивачите на Лацио му го бакнуваат стапалото на Лулиќ

Сенад Лулиќ стана легенда во синиот дел од Рим. Откако го постигна единствениот гол во финалето на италијанскиот куп против најголемиот ривал Рома, навивачите на Лацио го стопираат на улица за да му го бакнат стапалото.

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.