Горан Пандев е претплатен за трофеи од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009, двата со Интер во 2010 и 2011, Пандев по втор пат го освојува Купот на Италија со екипата на Наполи.
Финалето на „Олимпико" во Рим кое доцнеше 45 минути заради навивачките нереди пред натпреварот, заврши со победа од 3:1 на Наполи над Фиорентина.
Трите погодоци за Наполи беа постигнати од брзи контри. Два пати стрелаше Инсиње, а еднаш Мертенс. Голот за Фиорентина го постигна Варгас во 28-та минута.
Горан Пандев ги одигра последните 20 минути од средбата кога од клупата влезе на местото на Игуаин.