Со голот на Сенад Лулиќ, екипата на Лацио го освои трофејот од Копа Италија, но погодокот на Босанецот вреди повеќе од обичен гол. Со неговиот гол Лацио не само што го освои купот, туку и избори пласман во Лига Европа, но најважно од се е што неговата екипа го победи најголемиот ривал, Рома.
По постигнувањето на голот, Лулиќ ги придоби симпатиите на навивачите на Лацио и најверојатно стана многу омразен лик за фановите на Рома.
„Поминаа два дена од финалето и јас се уште не можам да поверувам. Тоа беше неверојатен ден. Конечно сфатив што значи римското дерби кога ги видов сите во солзи. Не само навивачите, туку и фудбалерите и сите вработени во клубот.
„Следниот ден луѓе ме стопираа на улица за да ми го бакнат стапалото со кое го постигнав голот! Јас само го постигнав голот, па заслугата не е моја, туку на целиот тим", изјави Лулиќ.