Лацио победи 2:1 против кипарски Аполон во меч од 1. коло на Лига Европа, а репрезентативецот на БиХ направи глупост за која Сер Алекс Фергусон на времето делеше воспитни.
Недоаѓањето на Марсело Биелса, 11-те продадени сезонски карти за еден ден и протестите на навивачите се само најава за проблемите кои се таложат во Лацио. Хармонијата е срушена и во тимот. Лулиќ со непотребен груб старт му посака “добре дојде“ на новото засилување Лукаку, а за прекршокот му се одмази Кеита. Потоа овие двајца се степаа, а камерата го смени кадарот.
Во 87 години историја и 180 меѓусебни средби, Лацио и Рома имаат само едно меѓусебно соочување во финалето од Купот на Италија кое го реши Сенад Лулиќ во 71 минута. Тоа е 26 мај 2013-та, историски датум за Лацијалите на кој ќе се сеќаваат со години и децении. Го нарекуваат „дерби без одмазда“.
Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.
По Јувентус, пласман во големото финале на италијанскиот куп обезбеди и Лацио, откако синоќа со голот на херојот Лулиќ го скроти Наполи на Сан Паоло. Поради забрана немаше лацијали во Неапол, но затоа 3.000 навивачи го чекаа тимот до 2 по полноќ во спортскиот центар Формело.
Сенад Лулиќ стана легенда во синиот дел од Рим. Откако го постигна единствениот гол во финалето на италијанскиот куп против најголемиот ривал Рома, навивачите на Лацио го стопираат на улица за да му го бакнат стапалото.