Голот на Лулиќ во 79. минута за пласман во финале на Олимпико:
Босанскиот репрезентативец е мајстор за куп завршници, а тоа претходно го покажа на финалето против Рома пред две години, кога на сличен начин го реши мечот во 71 минута.
Навивачите пееја, фудбалерите снимаа со телефони.
Пласманот на Лацио во финале се прослави и во Скопје.
Не изостана ниту мајтапот на сметка на градските ривали:
Во Неапол сликата беше сосема поинаква. Се појави видео на кое навивачите им скандираа на фудбалерите на Наполи: „Ако не победувате, ќе ве масакрираме“.