Студија на корисници кои читаат експертски рецензии на ресторани покажала дека тие се подготвени да платат повеќе отколку што треба. Сè што ним им треба за да му поверуваат на ескпертот е тој да покаже - извесна несигурност околу ресторанот кој го препорачува.
Ваквите корисници биле подготвени да платат и 50 проценти повеќе за одредена храна ако тоа им било сугерирано од експерт со вистинска доза сомничавост кон она што го тврди. За разлика од експертските, кај аматерските оценки на рестораните им се верува само на оние кои се безрезервно позитивни, оние кои немаат никаков сомнеж кон сопствената оценка.
Се работи за феномен познат како "теорија на прекршоци во очекувања". Конзументите очекуваат експертот да е сигурен за предметот на експертизата па неговата несигурност ги интригира. Во таква ситуација, тие се подготвени да потрошат време, енергија и пари за сами да проверат за што се работи и така да ја задоволат љубопитноста околу она за што експертот покажал доза сомневање.
Од друга страна, од аматери се очекува да бидат несигурни и затоа ним им се верува само ако се доволно сигурни и ентузијастични во поглед на она што го тврдат.
Конечно успеавме да го објасниме поднасловот.