Најдобриот италијански голман на сите времиња пред два дена прослави 40-ти роденден, а вечерва се врати на терен после повредата и одбрани пенал на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Јувентус славеше 0-1 со голот на Игуаин во 2’ минута и 29’ секунда, а Џиџи му фати пенал на Алехандро Гомез во 25’ минута, по прегледувањето на ВАР. Буфон и во 88’ минута одбрани неверојатно по шутот на Петања. Реваншот од полуфиналето на Купот се игра на 28 февруари во Торино.