Луди сцени во Италија, газда на клуб влета на терен со инвалидска количка

Имаме ние стотици велелепни епизоди на самоволие, исто и Србите, Бугарите, Романците...ама ваков вид на протест прв пат во живот гледаме.

Ја имаме најоткачената завршница на сезоната која се случува во третолигашкиот италијански фудбал на мечот Леко - Порденоне.

Голем е влогот на средбата бидејќи се работи за плејоф битка за пласман во втора лига, а уште поголема е будалаштината на претседателот на Леко.

Се вика Паоло Леонардо Ди Нуно кој со својот тим се борел да испише историја и за прв пат да го внесе во Серија Б.

Но кога на 4 минути до крајот, судијата досудил пенал за гостите одлучувачки на мечот, Ди Нуно не можел да се помири со одлуката и влегол на терен со инвалидска количка.

Циркузот продолжил и во соблекувалните, каде мавтал со бастумот и му се заканувал на судијата, а потоа удрил еден од играчите.

Фудбалската федерација го казнила експресно со двомесечна суспензија и парично со 1.500 евра.

 
30 мај 2023 - 11:46