Ајде сите заедно преку микс од топ листа, химни и весела географија да видиме кои се топ 13-те нации кои емигрираат во Европа и се стожер на мигрантско-бегалската криза. Запознај ги емигрантите за да ги засакаш повеќе. Бујрум.
Васко Атанасоски
- Сириска Арапска Република е држава во Југозападна Азија. На запад излегува на Средоземното Море и граничи со Либан, на север со Турција, на исток со Ирак, на југ со Јордан и на југозапад со Израел. Тука за сириската химна со англиски превод
Omar Souleyman е сириска музичка легенда:
- Авганистан е држава во Средна Азија. Се граничи со Пакистан на југ и исток, со Иран на запад, со Туркменистан, Узбекистан и Таџикистан на север и има тесна граница со Кина на исток. Химната
Ahmad Zahir беше сирискиот Елвис:
- Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Химната
Salima Pasha беше ирачката Edith Piaf:
- Исламска Република Иран е држава во Југозападна Азија. На запад се граничи со Ирак и Турција, на север со Ерменија, Азербејџан и Туркменистан и на исток со Авганистан и Пакистан. Химната.
Angband се Иранските Metallica:
- Исламската Република Пакистан е држава во Јужна Азија. На југ излегува на Арапското море, на запад се граничи со Иран и Авганистан, на исток со Индија, а на североисток со Кина. Химната
Ahmed Rushdi беше пакистанскиот плејбек:
- Палестина е едно од повеќето имиња за регионот помеѓу Средоземното Море и реката Јордан, плус додатни територии на исток и југ. Во текот на последните три милениуми нејзината територија варираше, а денес под Палестина обично се подразбира автономниот политички ентитет под израелска власт односно окупација наречен Палестинска самоуправа. Палестинската самоуправа ги опфаќа териториите на појасот Газа и на Западниот брег на реката Јордан. Химната
Ramallah Underground se палестинските Public Enemy:
- Сомалија е држава во Источна Африка. Се граничи со Кенија на југозапад, со Етиопија на запад, со Џибути на североисток. На север излегува на Аденскиот Залив, а на исток на Индискиот Океан. Химната.
Saado Ali Warsame е сомалиската Есма:
- Бангладеш е држава во Јужна Азија. Химната
Altaf Mahmud бешe бангладешкиот Боб Марли и Че Гевара во едно:
- Кралството Мароко е држава во Северозападна Африка. Се граничи со Алжир на исток, со Мавританија на југ и со Шпанија на север. На запад излегува на Атлантскиот Океан. Нивната химна е тука
Master Musicians of Joujouka се деца на Руми:
- Демократска Република Конго е држава во Екваторијална Африка. Религијата е христијанство, муслиманство, анимизам и тотемизам. Химната
Nino Malapet беше конгоанскиот Шпато:
- Алжир е република во Северозападна Африка и нивната химна звучи вака
Khaled беше Алжирец па се стори Француз:
- Република Либан е држава во Блискиот Исток. Се граничи со Сирија на север и исток, со Израел на југ и на запад излегува на Средоземното Море. Химната на Либан
Lydia Canaan беше и остана петтата Битлс:
- Нигерија е држава во Западна Африка. На север се граничи со Нигер, на исток со Камерун, на запад со Бенин, а на југ излегува на Гвинејскиот Залив. За химната тука
Fela Kuti беше цар: