„Вие погрешно ги формулирате прашањата. Не ’ако ние влеземе во Серија А, туку треба ’кога ќе влеземе’. Тоа е прашање на време“, царски им одговарал на новинарите Џо Такопино, новиот инвеститор и претседател на Венеција кој на првата прес-конференција во 2015-та собрал 350 новинари.
Додека го слушале Американецот со италијански корени кој раскажувал за голема и светла иднина, салата едвај се воздржувала да не прсне во смеа зошто тој не знаел дека илјадници канали во градот веќе не им веруваат ни на своите, ни на странците.
Три банкротства за 15 години - тоа е тешко бреме кое Венецијанците не може да го заборават и не верувале веќе никому. Стадионот и клубот брзо ги изгубиле луѓето кои немале воља веќе да гледаат како тимот тоне сè подлабоко.
Пласманот во Серија А под ексцентричниот Маурицио Ѕампарини заврши така што тој замина во Палермо во 2002. година и го остави клубот без скршена пара. Во 2005-та како нови „спасители“ на клубот кој не играл во Серија А се јавиле браќата Полети.
Клубот со нов правен назив проба да се врати на правиот пат, но браќата не само што го оставиле клубот со 15 милионски долг, туку и завршиле во затвор.
Последна надеж им бил Русин. Во 2011-та година, поранешниот градоначелник на рускиот град Химки, Јуриј Кораблин бесплатно се стекнал со правата на клубот за кој платил лиценца за учество во најниската лига Серија Д - 400.000 евра.
Италијанските медиуми го нарекувале Кораблин новиот Абрамович, крал на недвижностите, човек кој го поддржал Елцин на претседателските избори. А Јуриј Кораблин, мистериозен по природа ветил изградба на нов стадион и дека ќе вложи 150 милиони и ќе го внесе клубот во Серија А.
Но во реалност, фудбалот му служел на Кораблин да стигне до поголема цел - парцели на копненото предградие Тесера веднаш до Венеција каде Русинот освен нов стадион сакал да изгради и нови згради, трговски центри, клиники и ресторани.
„Кораблин го сакаше фудбалот, но го водеа интереси на финансиски групи кои стоеја зад него“, вели новинарот Игор Порошин кој лично зборувал со некогашниот газда на клубот Венеција.
Но сите понуди на Кораблин биле експресно одбивани од Советот на Градот.
„Венеција не е во целост Италија. За да добиете право на било каква сопственост или делантност во градот, треба да добиете дозволи буквално од владата. Тоа е историска територија. Кораблин не знаеше за тоа. Тоа што планираше се ипостави дека е врашки тешко остварливо“, вели Дмитриј Балашов, тогашен генерален менаџер на фудбалскиот клуб Венеција и соработник на Кораблин.
„Венецијанците се совршено посебна нација. Тие како да не се Италијанци. Таму има чудовишна бирократија и неверојатен однос кон историската вредност на секое парче земја. Дури и во тоа мочуриште, во таа кал на која треба да се изгради нов стадион се е многу тешко. Но ако тие луѓе не биле така упорни и тврдоглави, Венеција одамна би била распродадена на парчиња и со неа би владееле Америка, Кина или некој друг. Тоа се принципи и не ја даваат својата земја“, додава новинарот Порошин кој ја следел работата на Русите во овој прекрасен италијански град.
Но Кораблин сосема неочекувано добил некоја дозвола да може да купи земја и да гради на неа, но тогаш следувале нови потешкотии поради проблемот на Русија со Крим и санкциите. На крајот Кораблин се откажал од клубот.
14 месеци подоцна Кораблин починал во својата татковина а италијанските медиуми пишувале за некаква боелст на 56-годишниот бизнисмен кој во еден период ја финансирал и кампањата на опозициската кандидатка за градоначалничка на Химки, Евгенија Чирикова која демантирала дека некогаш го видела тој човек.
***
Во иста година со Русите, на Апенините стигнале и Американците. Во летото 2011-та група бизнисмени со италијански корени ја купија Рома. На почетниот список на акционери се јавуваа четири фамилии - Палота, Ди Бенедето, Руан и Д’Аморе. Во есента во Рим дошол уште еден моќен бизнисмен со италијанско потекло - Џо Такопина. Тој влегол во советот на директори и станал потпретседател на „Волчицата“.
„Кога влеговме, клубот вредеше 110 милиони евра. Сега вреди околу 500 милиони“, се сеќава на престојот во Рим човекот кој до тоа лето бил поврзан со спорт само преку клиентите кои како адвокат ги застапувал.
На пример бејзбол супер ѕвездата Алекс Родригез кој беше обвинет за користење допинг и беше помирен дека ќе биде суспендиран. Делото било безнадежно, но адвокатот Џо Такопина победил на суд.
Холанѓанецот Џордан ван дер Слот кого го обвиниле за убиство на Американката Натали Холовеј на која и се губи трага на Аруба бил осуден на 28 години затвор но Такопина успеал да го преквалификува делото во изнуда и измама па наместо вечно небо во затворот, Ван дер Слот добил шанса да излезе скоро на слобода.
Како адвокат, Џо Такопина правел чуда. Го спасил и веќе прежалениот поранешен шеф на полицијата во Њујорк Бернард Керик кој земал мито од израелски милијардер кој стана министер за одбрана во привремената влада на Ирак.
„Беше најпознатиот и најјак адвокат за безнадежни дела. Работел со Jay-Z и Maroon 5. Има јахта и Masserati. Го викаат Мистер I'll save your ass.
На 45 години Џо драстично ја менува сферата на делантност. Се запишува на спортски универзитет. „Првпат видов како плачеше татко ми како дете“, рекол поранешниот адвокат по влегувањето во Рома, клубот за кој живееле неговите татко и дедо.
Три години Такопина бил во Рома а после тоа решил да се обедини со сопственикот на Монтреал и милијардер Џои Сапуто којшто влегол во Болоња. Такопина станал претседател на клубот и плачел кога тимот од градот со најстариот универзитет на светот испаднал во Серија А. Ветил нов стадион, вложувањео 100 милиони евра на трансфери и Роберто Манчини за тренер.
Но ништо не било - после помалку од една година партнерите се разделиле поради поинакво гледање на иднината клубот. Помалку богатиот Такопина земал 3,5 милиони евра компензација за неговите акции, се спакувал и се преместил 130 километри северо-источно.
***
„Сите големи европски градови имаат една заедничка црта - фудбалски тим во најдобрата лига. Венеција денес е единствен таков град кој нема прволиаш. Тоа мора да се смени. Ние ќе станеме гиганти во италијанскиот фудбал. Не се сомневам во тоа“, на својата прва прес-конференција Такопина го употребил своето најмоќно оружје - убедливоста и ставот.
„Тој зборува толку многу што еднаш чекав 26 минути додека го одговори моето прво прашање“, напишал еден од новинарите кои дошол на интервјуто со Американецот.
Набрзо Такопина го назначил за спортски директор еден од најдобрите менаџери во Италија - Џорџо Перинети. 65-годишниот стратег своевремено ја создал современата академија на Јувентус, како главен скаут учествувал во скудетото на Наполи со Марадона и на Рома со Батистута а на Венција и донел целосно нов состав за Серија Ц.
„Благодарение на контактите на Џорџо ние за една недела потпишавме дури 21 нов играч. Никој од нив не знаевме, но тие го знаеа него и дојдоа кај него“, рекол еден од скаутите.
Венеција се прошета во четвртата, полу-аматерска лига. Изгубија само два од 38 меча и без проблем се искачија скалило погоре - во трета лига. Тогаш Такопина се решил да го потпише Филипо Инзаги за тренер на клубот.
„Кога го слушав претседателот, сфатив дека ако играчите имаат макар пола од таа желба, ќе бидеме најуспешни. Знаете во последнава недела добив многу понуди, па и од Кина, но ја одбрав Венеција зошто ова е победнички проект. Ние имаме претседател спремен за Лига на шампиони“, рекол Пипо на големата презентација.
Во последниот меч и големото дерби против Парма за влез во втора лига, Венеција одигра доволни 2-2 и успеа да се пласира таму од каде ќе фаќа залет за елитата. Во Серија Б.
Минатата есен од клубот замина спортскиот директор Перинети. Џорџо рекол дека поради лични и семејни причини мора да се сели во Џенова. Такопина му помогнал на градот брзо да заборави на тешката разделба - Американецот сензационално го објавил договорот за проектираниот нов стадион. На адвокатот му успеало тоа што не им успеа на Ѕампарини и Кораблин - да добие одобрение од општината да откупи земја во реонот Тесера и тоа до аеродромот Марко Поло.
Авијацијата долго време не се согласувала со плановите на разните инвеститори зошто и самите сакале во Тесера да направат дополнителни ресурси. Но Џо Такопина ги убедил сите.
Изградбата ќе почне наскоро а целиот проект тежи 45 милиони евра. Цената на стадионот е неизвесна, но познат е капацитетот - 25.000 места. Првиот меч на овој стадион екипата ќе го игра на крајот од 2019-та година.
За проектот одговара американското биро Rosseti од Детроит. Нивните архитекти разработиле врвни планови за стадионите на Лос Анџелес, Чикаго, Реал Солт Лејк, Филаделфија, Њујорк Ред Булс од МЛС, за три клуба од НХЛ и тенискиот парк во Индијан Велс.
Стадионот ќе биде гигантски комплекс со паркинг од 7.500 паркинг места, трговски центар со 50 бутици, хотел со 80 сместувалишта, ресторани, музеј на спортот, театар итн.
Такопина потенцирал дека стадионот ќе биде во исклучителна сопственост на клубот што е уникалност во Италија. Свои арени имаат само во Торино, во Удине и во Палермо а сите останати им припаѓаат на градовите. Како резултат на тоа клубот нема да троши на реконструкција на туѓи сопствености, а властите сериозно ќе вложеле во железничка станица до стадионот.
Од таа причина Американецот не сакал да го реновира древниот стадион „Пјерлуиџи Пенцо“ кој е изграден во далечната 1913. година. Втор аргумент за тоа е и фактот што стадионот сега се наоѓа на островче и до него екипите, играчите, тренерите и навивачите доаѓаат со траекти. А таков стадион не можеш да зголемиш на повеќе од 7.500 гледачи.
Кога сопственикот на Венеција го прашале како мислат клубот да го наполни 25-илјадниот стадион во реон во кој постојано живеат само 50.000 жители тој покажал на Англија на картата: „Мојот модел е фудбал и туризам. Земете го Челси - 28% од 35% гледачи на нивните натпревари им се туристи. И многу комерцијални операции се направени за таа целна група. А во Венеција секоја година доаѓаат 35 милиони туристи од целиот свет. Тоа е огромен приход. Викате дека секој купува маичка „I love Venezia“. Замислете кога секој од нив ќе купи дрес од клубот на кои исто стои името на градот?, вели Такопина и додава дека околу 3% навивачи на Венеција живеат во градот а другите се странци како навивачите на Реал.
„Секогаш викам: ’Работете го тоа што го сакате, а не тоа што морате’. Уште кога бевме во Серија Д (четврта лига), јас се спремав за Серија А. Моите играчи доаѓаат на натпреварите во костуми и чевли. Имаме автобус со големо лого на клубот. Убаво изгледаме. Тоа е менталитет кој го сакав уште од самиот почеток“, ја дели тајната на успехот претседателот на клубот.
Пред пар години Венецијанците три пати раскинуваа со клубот и тешко беше некој да ги врати на стадион. Но еден човек со големи мускули, црн тен и широка вилица успеа. Останува да се види до каде ќе одат?