- Членот на силниот евролигаш, шпанска Валенсија, Омари Мур е ново име во македонската репрезентација, играч кој треба да ни донесе квалитет на бековската позиција.
- Тој доби македонски пасош и вечерва треба да го има своето деби на пресметката со Азербејџан во претквалификациите за Европското првенство кое во 2029 година ќе се одржи во четири земји Естонија, Словенија, Шпанија и Грција.
- „Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја бара тренерот и едвај чекам да заиграм на натпреварот со Азербејџан. Се чувствувам одлично, возбуден сум за новиот предизвик“, вели Мур и додава: Среќен сум што станав Македонец и ги повикувам сите да дојдат во сала на натпреварот кој ни следи, –порача Омари.
- Средбата во СРЦ Кале е закажана за 19 часот, а влезот е слободен.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.