Кога ќе им кажеш дека....

.... дека е одвратно сето тоа.

Кога ќе им кажеш:

-  дека на официјалниот сајт на грчкото министерство за надворешни работи, месеци после потпишување на „пријателскиот договор“ сè уште се водиме како вештачка нација која ја создал Тито.

- дека ги тегнат за уши на секое спомнување македонски народ и македонски јазик а ти бладаш за некаков „зацврстен и бетониран“ идентитет.

- дека е многу кварно на изборно мени да нудиш едно (правда, 500 евра, департизирана држава, воздух...) а после на софра да испорачаш друго (да се прекрстиш самиот и да се посереш на добрата волја на 140 земји да те викаат како што се викаш).

- дека е фалично да организираш референдум кој нема да ти успее заради недоволна излезност а ти таа „консултација“ со народот да ја протолкуваш како зелено светло да го правиш она што си го наумил.

- дека е бесрамно што тоа го правиш со гласовите на оние кои отвораа врати од Собрание или им висат кривични пријави.

- дека е сулудо после 30 години преговарање, да ѝ дадеш на Грција ексклузивно право да го поседува брендот Македонија (види аеродром во Солун) а ти сегде да мора да додаваш северна.

- дека е пресмешно да се колнеш во ЕУ а советник за инвестиции да ти е Љубе Бошкоски.

- дека е претажно да се колнеш во ЕУ, а држава од ЕУ му дава азил на оној кој ти избегал од овде.

- дека е одвратно сето тоа.

*****
Ама, што е алтернативата, гласи омиленото прашање на апокалитичните јасновидци.

 

7 декември 2018 - 11:58