Се работи за натпревар од Серија Ц или трета лига меѓу за нас анонимните екипи Џулиано и Монтероси Туша. Две екипи кои гризат за бодовои бидејќи се наоѓаат во опасната зона.
При резултат 0:1, во судиското продолжение настанува драма.
Ја прави голманот на Монтероси, прво затоа што на негова грешка домаќините добиваат пенал, а второ затоа што поради него остануваат без голман.
За прекршокот добива жолт картон, а поради протести кон судијата уште еден.
Во ситуација кога гостите ги имаат направено сите измени, на гол застанува да брани Салвемини кој игра во среден ред.
Остај што го чита, туку прави јуначка интервенција и му ја фаќа жива.
Монтероси до крај успеаа да постигне уште еден гол за конечни 0:2 и да стигне до многу важба победа во борбата за опстанок во третата лига.
Бонус за Салвемини.